Двајца мртви во напад на Ал Каеда во Јемен
Во напад на Ал Каеда во јужен Јемен загинаа најмалку двајца војници лојални на сецесионистичка група, соопштија официјални лица во понеделникот, во првиот напад откако огранокот на екстремистичката група во арапската земја ја објави смртта на нејзиниот лидер претходно овој месец.
Во нападот, кој се случил доцна во неделата во планинската област Вади Омран во провинцијата Абјан, биле ранети и четворица војници од јужните вооружени сили, кои се лојални на сецесионистичкиот Јужен преоден совет, се вели во соопштението на јужните сили, пренесува АП.
Сепаратистичкиот совет е поддржан од Обединетите Арапски Емирати и контролира голем дел од југот на Јемен. Тоа е во спротивност со меѓународно признатата влада, иако тие се сојузници во војната против бунтовниците Хути поддржани од Иран.
Во соопштението се вели дека милитантите нападнале од заседа на безбедносна патрола во областа, предизвикувајќи повеќечасовни престрелки. Според потполковникот Калид Алваи, милитантите запалиле воено возило. Заседата дојде во време кога јужните сили ги интензивираа своите напади во последните недели врз упориштето на Ал Каеда во Вади Омран, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Напад на бомбаш-самоубиец, најмалку 14 загинати…
Најмалку 14 лица, меѓу кои и полицајци,…
(Видео) Нападнат е Иран, одекнуваат експлозии во…
Израел започна воздушни напади врз централен и…
Деветмина загинати во израелски воздушен напад над…
Во денешните израелските воздушни напади врз јужен…
Нарачал производи, па го ограбил и натепал…
На 05.06.2026 во 22:30 часот во СВР…
Саудиска Арабија го осуди иранскиот напад врз…
Саудиска Арабија го осуди утринскиот ирански напад…