Објавено на:

Нов бран притисоци: Шведскиот МНР инсистирал Србија да воведе санкции за Русија

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром, кој е во посета на Србија, особено инсистирал Србија да воведе санкции кон Руската Федерација, барајќи земјата да биде усогласена со членките на ЕУ, пренесува српски Спутник.


-„Разбирајќи ја позицијата на Шведска, реков дека некој мора да ја разбере и нашата позиција, бидејќи НАТО, воениот блок во кој Шведска сака да се приклучи, не нападна во 1999 година, спротивно на Повелбата на ОН, и предизвика голема материјална и човечка штета, па затоа сакаме да да останеме неутрални“, рече Вучиќ на прес-конференција по средбата со Билстром.

Зборувајќи за ситуацијата во Косово , тој рече дека на шведскиот министер му го повторил ставот на Србија за Косово.


-„Србија нема да го поддржи членството на Косово во ОН и специјализираните агенции на ОН, исто така му кажав дека за ова ги информирав сите учесници во разговорите“, рече Вучиќ.


-„Кажав и уште една работа, бидејќи има финта дека е важно Албанците да започнат процес на формирање на ЗСО. Работите одат вака: Денеска е 10-годишнина од Бриселскиот договор, вие формирате ЗСО со овластувања, кога ќе го направите тоа, Србија ќе го исполни својот дел од работата. Нема игра за тоа. Само кога ќе го исполните, ние ќе го направиме нашиот дел. Можеби ќе исполниме нешто во знак на добра волја. ЗСО не е обврска што е преземена оваа година, туку постои од 19 април 2013 година“, рече претседателот на Србија.


Тој рече дека би било убаво Приштина да ги исполни своите обврски „да не завршиме како што завршија некои други договори и по кои избувнаа војни, а за кои европските лидери рекоа дека се игра и мост за купување време“.


-Ние во Србија можеби сме глупави, но не сме толку глупави и сега имавме можност да научиме како функционираат работите во светот“, изјави Вучиќ.


Министерот за надворешни работи на Кралството Шведска, Тобијас Билстром, денеска изјави дека со претседателот на Србија Александар Вучиќ, меѓу другото разговарал и за нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина и истакнал дека Европската унија ги очекува сите одредби од разговорите во Охрид да се реализираат.


На прес-конференцијата, по средбата со Вучиќ, тој рече дека Србија и припаѓа на ЕУ, која е и најголем трговски партнер и дека нема други алтернативи освен европскиот пат. Билстром рече дека конфликтот во Украина „фундаментално ја промени безбедноста на Европа“ и дека „очекува усогласување на нашите партнери со нас“.


„Важно е Србија целосно да се усогласи со ЕУ“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Македонско девојче“ ечеше на прославата на…

„Македонско девојче“ беше една од песните со…

Дачиќ: МВР овозможи непречено одвивање на железничкиот…

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица…

Вучиќ најави обраќање во 11 часот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе им…

(Видео) Тепиќ: Полицијата тргна на народот како…

Заменик-претседателката на ССП, Мариника Тепиќ, која ја…

Српските кошаркари освоија бронза на Олимписките игри…

Српските кошаркари ја освоија бронзата на Олимписките…