Нов заплет: Зошто Бред Пит ја тужи Анџелина Џоли?
Бред Пит ја тужи својата поранешна сопруга Анџелина Џоли, обвинувајќи ја дека незаконски го продала нејзиниот дел од нивниот француски имот Шато Миравал, пишува „Сикс“. Пит тврди дека двајцата се договориле ниту еден од нив да не го продаде својот дел од имотот, во кој се венчале во 2014 година, без согласност на другата страна.
Холивудскиот актер во тужбата тврди дека, иако лозјето во замокот станало „неговата страст“, Џоли дрско го продала нејзиниот дел на рускиот бизнисмен Јури Шефлер, без негова дозвола.
Во тужбата, поднесена во Високиот суд во Лос Анџелес, се вели:
„Џоли го продала својот дел од имотот без знаење на Пит, ускратувајќи му го правото на нејзиниот поранешен сопруг да го дозволи купувачот. Таа го продала својот дел иако знаела дека рускиот бизнисмен ќе се обиде да го контролира неговиот дел од имотот и бизнисот на кој Пит се посветил и на тој начин ја поткопала понатамошната инвестиција на Бред во имотот Миравал“.
Во јули 2021 година, беше објавено дека Џоли поднела тужба за укинување на привремената забрана за продажба на нивните заеднички средства со Пит. Поточно, актерката сакаше да го објави на продажба својот удел во винската компанија „Миравал Шато нувел“ (Miraval Chateau Nouvel) во Франција. Во септември, Пит ѝ дозволил на својата поранешна партнерка да го продаде својот удел, под услов тој лично да го одобри купувачот.
Луѓето кои се запознаени со оваа работа велат дека еден месец подоцна, Пит бил шокиран кога дознал дека половина од винаријата била купена од подружница на „Групацијата Столи“ – компанија за алкохол контролирана од рускиот претприемач Јуриј Шефлер.
Пит сега тврди дека Џоли не ја добила неговата согласност за договорот и намерно ги криела подробностите на зделката од него. Глумецот се жали и дека неговиот нов партнер донел хаос во раководството на винаријата.
Љубовта кон грозјето и виното Пит ја претворил во мултимилионски бизнис.
И додека нивниот бурен развод конечно заврши, двојката сè уште се тужи околу старателството над децата и нивниот заеднички имот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тужба против Фејсбук и Инстаграм поради „овозможување“…
Платформите на Марк Цукерберг се „почва за…
Американската држава Тексас го тужи Фајзер поради…
Фармацевтскиот гигант ја измами јавноста за ефикасноста…
Израелски медиуми: Денес беше најкрвавиот ден за…
Израелските медиуми објавија дека денес бил најкрвавиот…
Хантер Бајден ја тужи даночната управа на…
Тужбата на Бајден ги таргетира свиркачите Гери…
Караница во “европското семејство”: На Унгарија ѝ…
Еврокомесарот за индустрија Тиери Бретон побара од…