Хантер Бајден ја тужи даночната управа на САД (IRS) за клевета
Тужбата на Бајден ги таргетира свиркачите Гери Шапли и Јозеф Циглер кои сведочеа пре конгресот против него.
Адвокатите на Хантер Бајден денес поднесоа тужба против даночната управа на САД, обвинувајќи ги свиркачите дека го клеветеле и го посрамотиле синот на претседателот Бајден.
Бајденовата тужба е против двајцата свиркачи кои сведочеа пред Конгресот дека Даночната управа го штитела во истрагата за даночно затајување и не ја водела истрагата по сите правила.
Тужбата на Бајден има за цел судот да го прогласи сведочењето во конгресот како намерно, свесно и/или од голема небрежност, незаконски ги откриле доверливите даночни информации на Бајден.
Дополнително, Бајден бара 1000 долари оштета за секое неовластено објавување на неговите даночни пријави, вклучително и обелоденувањата што се случија по сведочењата.
Шапли и Цилгер сведочеа пред Комисијата за надзор на Претставничкиот дом претходно оваа година. И двајцата велат дека се соочиле со ограничувања и пречки кога добиле задача да го истражат синот на претседателот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Флорида го тужи ChatGPT: Обвинет е за…
Сојузната држава Флорида стана првата американска држава…
Управниот суд ја отфрли тужбата на Левица…
Управниот Суд, на седницата одржана на 6…
Судот одби дел од тужбата на Левица…
Основниот граѓански суд Скопје, на 3 октомври…
Бајден им врачува медали на Хилари Клинтон,…
Хилари Клинтон, Џорџ Сорос и актерот и…
Трамп го тужи американското Министерство за правда!
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе го…