Објавено на:

Нов инцидент: Германски ловци пресретнале руски авион

t

Германски борбени авиони пресретнале руски извидувачки авион над Балтичкото Море и го придружувале сѐ додека не излегол од германска територија, објавија германските медиуми.

„Руски извидувачки воен авион е забележан во близина на островот Руген, по што два „Еурофајтер“ авиони полетале од базата Лага кај Росток и го придружувале рускиот авион до заминување од германска територија“, потврди агенцијата ДПА.

Дополнително беше потврдено дека леталото „се приближувало кон германскиот воздушен простор“, но дека го променило правецот по полетувањето на германскиот авион. Инцидентот се случил во саботата, јавуваат германските медиуми.

Во меѓувреме, данската влада го покани рускиот амбасадор во земјава на информативен разговор поради неодамнешното влегување на руски воен авион во данскиот воздушен простор над балтичкиот остров Борнхолм. Во истиот лет рускиот авион го нарушил и шведскиот воздушен простор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Македонија му е во срцето: Ова…

На собирот во Мелник пред неколку денови…

Грција зафатена од прашина од Сахара

Прашина од Сахара денеска ја зафати Грција,…

Малиот монструм не престанува да шокира: Коста…

Десеткратниот убиец Коста Кецмановиќ побарал да го…

На јавна седница Врховен ќе одлучува за…

Врховниот суд в четврток ќе одржи јавна…

Русија ја отфрли жалбата на американскиот новинар…

Московски суд денеска ја отфрли жалбата на…