Нов инцидент: Иранската морнарица заплени танкер со нафта во Оманскиот залив
Напаѓачите се качиле на танкерот Сент Никола, кој плови под знамето на Маршалските Острови, во близина на оманскиот град Сохар, соопшти британската поморска безбедносна фирма Амбри, пренесува Скај њуз.
Во текот на попладневните часови имало и признание од Техеран дека стои зад киднапирањето на бродот. Како што јавија иранските државни медиуми, иранската морнарица потврдила дека презела контрола над танкерот во близина на брегот на Оман. Таа наведува дека постапила по „судска наредба“, пренесува Франс прес.
Британската агенција за поморски трговски операции (УКМТО) денеска добила извештаи дека група од четири до пет вооружени мажи се качиле на бродот лоциран на приближно 50 наутички милји источно од брегот на Оман. Групата носела воени униформи и црни маски, според УКМТО, поморска безбедносна информативна агенција.
Системот за следење на бродот бил исклучен додека се движел во правец на иранското пристаниште Бандар-е-Џазк.
САД го зазеле бродот Сент Никола во 2023 година како дел од санкциите против Исламската Република, додека пловел под името Суец Рајан.
САД тогаш тврделе дека иранската Револуционерна гарда ја користи за испраќање санкционирана нафта во Кина. Танкерот се движел од ирачкиот пристанишен град Басра кон турската Алијага, преку Суецкиот канал.
Јеменските Хути напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море како спротивставување на израелската офанзива врз Газа, но нивните операции досега беа ограничени на теснецот Баб ал-Мандаб на крајниот југозапад од Арапскиот Полуостров.
Нафтениот танкерот имал екипаж од 19 луѓе – 18 Филипинци и еден Грк, а бродот е изнајмен од турската нафтена компанија Тупрас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Возачи го тужат Mercedes: Вжештеното AMG лого…
Неколку сопственици на Mercedes-AMG тврдат дека металното…
По пожарот во Волково, жителите бараат закон:…
Големиот пожар што денеска избувна во Волково…
Пресушија бунари во источна Хрватска, натоварени бродови…
Поради екстремната суша во источна Хрватска, бунарите…
Затвореник на викенд-отсуство ја нападнал мајка си,…
Четириесет и шестгодишен охриѓанец, кој издржувал затворска…
20-годишен припадник на албанската армија убиен во…
Дваесетгодишен припадник на албанските вооружени сили е…