Нов силен земјотрес со епицентар во Антакија ја погоди Турција

t

Уште еден земјотрес вечерва ја погоди Турција, а потресот имал епицентар кај градот Антакија (Антиохија), во јужната провинција Хатај, која граничи со Сирија и беше меѓу најпогодените во катастрофалните земјотреси од почетокот на месецов.

Според првичните податоци, земјотресот, во 21 часот и 47 минути по локално време, имал јачина од пет степени според Рихтеровата скала, а тој се случил на длабочина од 10 километри.

Стотици дополнителни потреси ја погодија Турција во деновите по двата големите земјотреса, кои предизвикаа вистинска катастрофа и досега одзедоа повеќе од 42.000 животи во Турција и Сирија.

Засега нема информации за евентуални штети, жртви или повредени од последниот потрес во Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција го блокира Инстаграм

Овој потег уследи по коментарите на турскиот…

Турција ќе ги заловува, но нема да…

Турскиот парламент усвои закон што налага сите…

Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…

Турција би можела да влезе во Израел…

Силен земјотрес ја погоди Турција, се почуствува…

Земјотрес со размери од 4,8 степени според…

Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…

Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…