Нов случај на голема кашлица – две ипол месечно бебе хоспитализирано во Козле

t

Нов случај со пертусис или голема кашлица.

Две ипол месечно бебе било хоспитализирано со претусис или голема кашлица во клиниката Козле, пред пет дена. Бебето било донесено со тешка кашлица поради тоа имало недостаток на кислород и помодрувало, потврдуваат за канал 5 од клиниката Козле. Бактеријата бордетела предизвикувачот на ова заразно заболување било потврдено и во Центарот за јавно здравје. Детето е сега стабилно и со подобра здравствена слика. Од почетокот на оваа година ова е четврт случај со голема кашлица сите деца биле невакцинирани, потврдуваат од клиниката за детски болести Козле. Во декември во оваа болница имаше едно дете со голема кашлица. Од клиниката за канал 5 потврдуваат дека сите пет деца пациенти во оваа болница со голема кашлица биле излекувани, а сите биле невакцинирани. Од вакциналните пунктови објаснуваат дека опфатот на вакцината за ДТПР е подобрен откако заборавената болест голема кашлица повторно се врати.

„Има пад на вакцинацијата, но со појавата на оваа болест во Јануари се зголеми бројот на вакцинирани деца и тоа е добро. Но, треба децата редовно да се вакцнираат“, изјави д-р Бети Гелејчевска вакцинален пункт „Букурешт“

Главната карактеристика на болеста е кашлица во напади која може да трае со недели. Покрај кашлицата бактеријата може да предизвика компликации на респираторниот и нервниот систем кои може да остават трајни последици на мозочната функција и невролошкиот развој кај децата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затворски полицаец си даде отказ: Почнаа притисоци…

После четири години работа во Затворската полиција,…

Закерберг e трет најбогат човек во светот,…

Основачот на „Мета“ Марк Цукерберг го престигна…

Плусинфо: Слоницата Дуња не угинала, туку била…

Слоницата Дуња од скопската Зоолошка градина не…

Судијата Георгиев побара колегите да поседат во…

Врховниот судија Наке Георгиев, кој е во…

Тешка сообраќајна несреќа: Се судриле трактор и…

На  06.08.2024 во 04.45 часот во Полициската…