Нов случај со семејно насилство, маж си ја нападнал сопругaта
Полициски службеници од дебарското Одделение за внатрешни работи лишиле од слобода жител на селото Броштица во општина Центар Жупа бидејќи физички ја нападнал неговата сопруга.
Лишен од слобода е Ј.Р.(44) од селото Броштица. Тој, претходно во семејниот дом во селото, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Овој месец, ова е четврти случај на пријава на семејно насилство во овој реон.
Во првиот случај, беше приведен С.Б.(67) жител на Дебар, кој во семејниот дом физички ја нападнал сопствената ќерка. Во вториот, приведен беше Н.М.(49) од дебарското село Косоврасти кој физички ја нападнал неговата сопруга. Претпоследниот случај беше во дебарското село Могорче, каде беше лишен од слобода Д.Д.(31), поради физичко насилство врз сопругата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…
Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани
Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…
Трамп: Иран требаше порано да преговара
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…
Се урна стар мост во Индија, има…
Четири лица загинаа, а 51 се повредени…
Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…
Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…