Нормализиран сообраќајот на патот Струмица-Радовиш по вчерашната трагична несреќа
Сообраќајот на патниот правец Струмица – Радовиш по синоќешната сообраќајка во која загина сопатник на мотоцикл, ноќеска е нормализиран, соопшти АМСМ.
Утрово сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Човек загина по удар од воз кај…
На железничката пруга кај булеварот „Србија“, синоќа…
Петков им изрази сочувство на роднините на…
„Автомобилот со кој вечерва одевме за Варна…
Голема трагедија го потресе цел Балкан: Во…
Во сообраќајна несреќа која се случила вчера…
Во Кривичниот суд продолжи судењето за Ласкарци
Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел…
Трагедија во Турција: Тројца загинати во хеликоптерска…
Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во…