Нотарите се пожалија дека тарифата била намалувана во 2010, 2016 и 2019

t

Доколку, министерот за правда има аргументирани причини за укинување на измените на Нотарската тарифа, секако тоа може да го стори во рамките на своите законски надлежности, но со тоа нема да го реши проблемот на граѓаните, ниту пак на нотарите, велат од Нотарската комора откако се иницираше постапка за повлекување на одлуката за давање на согласност за зголемување на нотарската тарифа којашто беше донесена од претходната Влада и поранешниот министер за правда Кренар Лога.

Во реакцијата се посочува дека нотарската тарифа во ниеден случај не може да биде скриен процес, од причини што, како и секоја претходна, така и оваа нотарската тарифа е донесена во законски пропишаната процедура, која траела половина година.

Нотарите тврдат дека тарифата не го пратеше трендот на пораст на платите, животните трошоци, стапката на инфлација и вредноста на правната работа, туку, како што велат, истата во континуитет е намалувана во 2010, 2016 и 2019 година.

-Влијание на измените на Нотарската тарифа има и фактот што од воведувањето на нотаријатот, донесени се низа закони со кои се зголемуваат обврските на нотарите, што само по себе повлекува нови вработувања во нотарските канцеларии, а нотарската тарифа паралелно се намалува. Што значи, нема никаков рационален соооднос и економска исплатливост за функционирање на нотаријатот како независна и самостојна јавна служба, се наведува во соопштението од Нотарската комора на РСМ.

Министерството за правда вчера иницира постапка пред Владата да се анулира дадената согласност на тарифата што ќе претставува основа за непримерна на донесената одлука.

Пред да се направат измени од ваков обем кои дирекно се одразуваат врз граѓаните и стопанството во државата, неопходно е отворање на широка дебата.

„Според овие измени најголемо поскапување имаше кај составувањето на нотарски акти од помала вредност кои се чести кај граѓаните. Кај актите од стотици или илјадници евра речиси и да нема промени или поскапувањето е минимално. Тоа не смее да се случи и затоа ги повлекуваме овие измени. Секоја одлука што дирекно се одразува врз граѓаните во иднина ќе подлежи на широка дебата, односно пред да донесеме каква било измена, ќе слушнеме што мислат сите засегнати страни и како таа одлука ќе се рефлектира“, рече министерот Филков.

Одлуката која ја донесе неговиот претходник Кренар Лога требаше да стапи на сила од 1 септември, а со неа цените за услугите на нотарите ќе беа зголемени за 10 повеќе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нотарите се пожалија дека тарифата била намалувана…

Доколку, министерот за правда има аргументирани причини…

Правдата за злосторството врз Вања е блиску,…

Грозоморното и свирепо убиство на 14 годишната…

Ќе се регулира распределбата на предмети во…

Министерството за правда најави дека ќе се…

Министерство за правда: Ќе се интензивира реконструкцијата…

Министерството за правда соопшти дека ќе се…

(Фото) Пораката која го преплави фејсбук: Политички…

Мастро Дурловски со активизам за праведна држва…