Укинато е зголемувањето на нотарските тарифи
Владата ја разгледа и ја усвои Одлуката за престанување на важење на согласноста за зголемување на нотарската тарифа. Според информацијата, претходната Одлука на Владата од 6 јуни, со која се покачија нотарските тарифи беше оценето дека е избрзана и предизвика товар врз граѓаните, стои во соопштението на Владата.
Ова беше најавено од министерот за правда, Игор Филков, кој на брифинг со новинари истакна дека претходната одлука ќе биде повлечена, а ќе се разгледа понатамошно омжно решавање на ситуацијата.
– Во првите 2-3 недели, една од темите, која ја дознав од вас беше нотарската тарифа, односно одлуката која мојот претходник ја имаше потпишано на негово заминување. Иницирав постапка за повлекување на одлуката за давање на согласност за зголемување на нотарската тарифа која ја донесе претходната Влада.
Поранешниот министер донесе одлука која треба да стапи на сила на 1 септември, со која се овозможува зголемување на цените на нотарските услуги за десет пати. Сметам дека не смее народот да плаќа нешто 10 пати повеќе кое е донесено без широка дебата и не ја гледам смислата на истото. Ќе го слушнеме и мислењето на нотарите.
Одлуката била донесена во февруари, но се чекало да поминат изборите, за ова никој не ја информирал јавноста, односно процесот бил скриен , истакна тогаш Филков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…