НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

t

По повод 100 дена од изборот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, НСДП ја обвини владејачката партија за „безидејност, скандали и чекори кон изолација на државата“. Според соопштението, „ова е очекувано“ од страна на НСДП, бидејќи „ВМРО-ДПМНЕ најдобро функционира во заробена држава“ и партијата „се на добар пат да ја вратат државата на нивото од 2017 година“.

НСДП истакнува дека за 100 дена нема реализирано ниту една значајна реформа, ниту пак проект кој може да го оправда „големото мнозинство кое го добија на изборите“. Според нив, граѓаните биле „прелажани со лажни проекти, лажни реформи и манипулации“, и дека по првите 100 дена од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ останало „едно големо ништо“.

Партијата потенцира дека додека „Европската Унија даде зелено светло за Албанија да го отвори првиот преговарачки кластер“, Северна Македонија „останува заглавена во популистичките политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ“.

НСДП жестоко го критикува ветувањето за враќање на поранешното уставно име и репреговарање на договорот со Бугарија, нарекувајќи го „огромна изборна лага“. Тие додаваат дека „кога седнаа во функционерските фотелји, престана да им пречи Северна Македонија“, а предлогот на премиерот за менување на преговарачката рамка „не доби поддршка од никој во Брисел“.

Во однос на финансиските политики, НСДП го критикува задолжувањето на државата со 500 милиони евра од Унгарија, тврдејќи дека „стратешките финансиски партнери на државата нуделе поповолни кредити“. Според нив, ова е знак дека „следува процес на орбанизација“ во Македонија.

Покрај тоа, НСДП ја обвинува Владата за „катастрофално справување“ со пожарите, намалување на просечната плата и застој во економско-социјалниот дијалог. „Граѓаните и претпријатијата се оставени сами на себе да се справуваат со економската состојба“, велат од партијата, додавајќи дека Владата „секојдневно нуди празни изговори и оправдувања“.

„Време е да се фатат за работа, затоа што државата се соочува со многу предизвици!“, завршуваат од НСДП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100…

По повод 100 дена од изборот на…

СДСМ: По дебаклот со pаздвојyвањето на Албанија…

Раздвојувањето на Албанија од Македонија е само…

Спасовски: Очекувам ДУИ да стане дел од…

„Коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е поставена…

ВМРО-ДПМНЕ од инает не гласаше за нови…

„ВМРО-ДПМНЕ денес повторно докажа дека навистина нема…

Лукаревска за мерката на Владата: Задоцнета реакција,…

Владата имаше ненавремена, задоцнета реакција и недоволен…