НСПВ: Дали министерот за одбрана има контрола и влијание на работата на секторите во МО?
Соопштение на Независниот синдикат на професионални војници:
– Министерството за одбрана повторно продолжува со незаконските постапувања и прекршувања на Колективниот договор и премина на друга фаза на блокирање на работата на синдикатот.
Спротивно на член 114 од КД на МО, Секторот за финансии при МО не ги реализира новите пристапувања во синдикатот, и не ги доставува списоците на членовите на синдикатот врз основ на реализирани административни забрани. Секторот за финансии при МО не постапува по одлуките на овластеното лице на НСПВ и на незаконит начин ги доставува списоците на лице кое лажно се претставува и има три кривични пријави (З.П) за фалсификување и злосторничко здружување токму за дела направени врз синдикатот. Тоа лице З.П од лажен мејл ги доставува спсиоците до фирмите со кои синдикатот има соработка, со цел да ги изманипулира и да прикаже дека тој е овластено лице на синдикатот.
Дали министерот за одбрана има контрола и влијание на работата на секторите во МО или длабоката корупција и криминал е премногу навлезена во оваа институција ?! Дали МО штити некого со премолчување на сите овие незаконски постапувања ?!
Во отсусутво на демант од МО за блокирањето и опструирањето на синдикатот и нереагирањето на посочените криминални дејствија на одредени структури во МО е доволен показател дека ова раководство неможе да се справи со наследениот криминален хаос од претходното раководство во МО.
Со почит, Претседател на НСПВ СО
Александар Насковски – стои во соопштението на НСПВ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украдено возило на АРМ кое било оставено…
Украдено возило во сопственост на Армијата кое…
ЕУ додели дополнителни 15 милиони евра помош…
Советот на ЕУ денеска донесе одлука за…
ДУИ го повика НАТО да интервенира за…
Намерното исклучување на Албанците од клучните позиции…
ВЛЕН се пофали дека за прв пат…
„Нонграта од ДУИ почна да спие подлабоко,…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова потпиша укази за унапредување…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во согласност со одредбите…