Нуркачки екипи на полицијата и армијата во потрага по 16-годишното девојче
Сè уште трае потрагата по 16-годишното девојче што се капело во водите на реката Вардар, а било однесено од виорот на дивите води. Нуркачки екипи на полицијата и армијата се мобилизирани во потрагата по исчезнатото девојче, која заедно со 29-годишна пријателка од Скопје во близината на село Уланци се разладувале во Вардар.
Специјалците со нуркачката опрема со чамци се упатија кон подалечниот тек на реката ги преминаа брзаците за да истражуваат каде може да го пронајдат девојчето. На местото коешто го пребаруваа полициските и армиските екипи, блиските роднини и пријатели на девојчето грижливо ги очекуваа вестите за исчезнатото девојче. Надежта кај нив сè уште постои дека жива и здрава ќе биде малолетната девојка.
Од МВР официјално потврдија дека уште од вчера околу 16.30 часот во СВР Велес е пријавено дека 29-годишна девојка од Скопје и 16-годишно девојче од с. Уланци, додека се капеле во водите на реката Вардар во близина на село Уланци, малолетничката била одвлечена по течението на реката. Нејзината пријателка неколку пати се обидела да ја извлече, но не успеала.
Веднаш по пријавата, специјалните единици, нуркачите и припадниците на АРМ започнаа потрага за пронаоѓање на девојчето коешто траело до вечерните часови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нуркачки екипи на полицијата и армијата во…
Сè уште трае потрагата по 16-годишното девојче…
„Сами си го барале“ Велосипедистите од Исланд…
По вчерашниот инцидент кога кумановец удри двајца…
Илинденската коњаница ќе јава во чест на…
Денеска во 17 часот пред Спортскиот центар…
Сиљановска пак се сретна со Касами: Спремна…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва, вторпат во изминатава…
Со правење деца се брани државата: Создавањето…
Премиерот Христијан Мицкоски во следниот период најавува…