Н1: ПУКАЊЕ на границата меѓу Србија и Косово – Две групи отвориле оган пред обложувалница!
Во петокот рано наутро дошло до пукање на границата на Србија со Косово кај селото Брезница. Во судирот учествувале две, засега неидентификувани групи на луѓе, а едно возило било опожарено, јави ЈУГпрес, а пренесува Н1.
Повикувајќи се на полициски извори, ЈУГпрес објави дека две групи се судриле и отвориле оган. Нема информации за можни повреди.
На местото на настанот интервенирала и полицијата од Бујановац која го известила и Вишото јавно обвинителство Врање.
Извор од полицијата во Врање рече дека конфликтот бил поради пари, но не можеше да даде дополнителни детали за пукањето во близина на Брезница, мнозинско албанско село кое се наоѓа покрај административната линија.
Престрелката се случила во обложувалница која е поврзана со локален бизнисмен од Врање, кој моментално е во затвор.
Според ЈУГпрес, казиното било изградено до контролниот пункт на српската полиција по административната линија и веќе било место на вооружени конфликти.
Радио Слободна Европа кон средината на 2023 година објави дека во периодот од 12 месеци пред тоа никнале најмалку седум коцкарници на неутрална територија меѓу две села – Карачево на косовска страна и Брезница од српска страна.
Еден локален жител тогаш рече дека сопствениците на сите казина се по потекло од Косово, освен еден кој е Србин.
Екипата на РСЕ која ја посети областа во својот извештај наведува дека автомобили со косовски регистарски таблички најчесто се гледаат пред казината.
Организирањето на коцкање на територијата на Косово е забрането со закон од март 2019 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…