Обвинение за таткото на фудбалерот од ФК „Шкупи“ кој повреди малолетници од спортивниот тим на натпреварот во Штип
Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
На 24 август, на фудбалскиот стадион “Бело Брдо“ во Штип, за време на фудбалскиот натпревар помеѓу пионерските екипи на фудбалските клубови “Брегалница“ од Штип и “Шкупи“ од Скопје, обвинетиот со грубо насилство ја загрозил сигурноста на оштетените две 15-годишни деца, кои биле играчи во тимот на ФК “Брегалница“.
На децата им нанел телесни повреди, а кај оштетените, останатата присутна публика и во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.
Настанот се случил во 89-тата минута од натпреварот, која судијата поради прекршок (фаул) доделил втор жолт картон со што го исклучил од игра синот на обвинетиот, кој играл за „Шкупи“. Незадоволен од одлуката, најпрво синот се однесувал неспортски и со тупаници и со удар со нога се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на „Брегалница“. Тогаш на теренот влегол таткото и со тупаници и клоци започнал да ги удира двете деца, нанесувајќи им телесни повреди. На игралиштето влегле и други лица од публиката, кои спречиле натамошна ескалација на настанот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Преспа секојдневно го губи езерото –…
„Стојам на брегот на Преспанското Езеро и…
Обвинение за таткото на фудбалерот од ФК…
Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен предлог…
Путин одржа состанок со членовите на Советот…
Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…
Индустриското производство пораснало за 4,1 отсто во…
Индустриското производство во јули годинава е зголемено…
Мицкоски: Македонија денес се гради како никогаш…
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција изјави…