Обвинителството отвори предмет за уривањето на спомен-куќата на Владо Малески во Струга

t

Основното јавно обвинителство во Струга оформи предмет по повод уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, кое се случи за време на градежни активности во нејзина близина. Според официјалното соопштение, работите ги изведувало лице од струшкото село Велешта.

Јавен обвинител на 16 октомври извршил увид на лице место, во присуство на вешто лице од областа на градежништвото, со цел да се утврдат причините и околностите под кои дошло до оштетување на објектот.

„Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на сите релевантни околности под кои се случил настанот“, соопштија од Обвинителството,

При изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро беше срушен јужниот ѕид и дел од кровната конструкција од куќата заштитена како културно наследство. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството отвори предмет за уривањето на спомен-куќата…

Основното јавно обвинителство во Струга оформи предмет…

Друштвото на писателите бара итно да се…

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) будно…

Левица: Дали „универзитетот“ на Мерко е легализирана…

Додека надлежните министерства молчат дали приватната градинка…

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за…

Бруталното рушење на домот на Владо Малески…

(ФОТО) Во Струга се руши куќата на…

Соопштение на ОО СДСМ Струга по повод…