Обвинителството отвори предмет за уривањето на спомен-куќата на Владо Малески во Струга

t

Основното јавно обвинителство во Струга оформи предмет по повод уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, кое се случи за време на градежни активности во нејзина близина. Според официјалното соопштение, работите ги изведувало лице од струшкото село Велешта.

Јавен обвинител на 16 октомври извршил увид на лице место, во присуство на вешто лице од областа на градежништвото, со цел да се утврдат причините и околностите под кои дошло до оштетување на објектот.

„Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на сите релевантни околности под кои се случил настанот“, соопштија од Обвинителството,

При изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро беше срушен јужниот ѕид и дел од кровната конструкција од куќата заштитена како културно наследство. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга

Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга,…

Гаши во Струга: Проширувањето на ЕУ е…

Проширувањето на Европската Унија претставува една од…

Вооружен грабеж во обложувалница во Струга

Од МВР информираат дека надворешната канцеларија за…

Со години пријавувал закани во МВР и…

На 14 март во Струга е запалена…

Мојсоска поднесе инивијатива за вонреден надзор на…

Пратеничката од Струга, Јована Мојсоска, поднесе иницијатива…