Обвинителството ќе бара притвор за сите обвинетите во случајот „Делчевски ниви“

t

Инфомакс открива дека обвинителството ќе бара притвор за сите уапсени во текот на вчерашниот ден за случајот „Делчевски ниви“

Според образложението обвинителство се бара притвор не поради можност од бегство туку поради можноста за попречување на постапката и со цел да се спречи влијание на сведоци.

Попладнево судија на претходна постапка ќе одлучува по однос на барањето за притвор.

Управата за финансиска полиција вчера поднесе седум кривични пријави до ОЈО Скопје, за двајца раководители на ЕВН и уште пет други лица за таканаречените “Делчевски ниви”.

Против двајцата управители на ЕВН Електрани на Македонија се води постапка според член 355 од КЗ, за измама во службата, во врска со член 22 односно соизвршителство.

Едно физичко лице се сомничи покрај измама во службата и за помагање според член 24 од КЗ. Четири физички лица се сомничат за измама во службата од челн 355 во врска со член 24, помагање.

Игор Гиевски, управител на ЕВН Електрани, Мирослав Митровски, управител на ЕВН Електрани, Дарко Тодоровски, поранешен советник во Советот на Општина Делчево, Дарко Ќурчиски, бизнисмен, Влатко ( дел од обезбедувањето на Христијан Мицкоски) и Марија Илиевски, негова сопруга, и Орце Тодоровски-Ефто.

Според Управата, осомничените успеале да убедат сопственици на приватно земјиште во Делчево да им биде откупен имотот по одредена цена, но да се согласат во документите да стои дека го подаруваат.

„Со претходно наведените дејствија, првопријавениот и второпријавениот, во својство на управители на ‘ЕВН Електрани Македонија’ ДООЕЛ Скопје, помогнати од страна на третопријавениот, свесно и со однапред утврдена намера, ги извршиле кривичните дела кои им се ставаат на товар и со таквите инкриминирани дејствија овозможиле четвртопријавениот, петтопријавениот и шестопријавената да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 99 431 060 денари“, соопштија од Финансиската полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…

Долг на фирма не е кривично дело,…

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…

(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…

Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…