Обвинтелството започна предистражна постапка за земјиштето кај “Холидеј Ин”

t

Бирото за судски вештачења ќе го земе под лупа на вештачење Деталниот урбанистички план Градска четврт Ц08 во јавноста познат по фамозниот паркинг наспроти Холидеј  а по наредба на ОЈО. Но покрај урбанистичкиот план ќе се вештачи и архитектонското решение велат од обвинителствот за ТВ 24.

Целокупниот предмет е во предистражна постапка во која се опфаќа и иницијативата на антикорупционерите за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување на двајца поранешни градоначалници на општина Центар, вработени во општината, Министерството за транспорт и врски како и планери.

Предистражната постапка ја водат скопското обвинителство и и обвинителството за организиран криминал и корупција кои презема дејствија во насока на утврдување дали е нанесена штета на Буџетот на државата. 

„Предметниот обвинител донесе Наредба за прибирање и анализа на материјалните докази по која постапуваше МВР кое во два наврати побара продолжување на роковите заради дообезбедување на материјалните докази од Општина Центар, Град Скопје, Државното правобранителство за подрачјето на Град Скопје и Министерството за транспорт за врски. Во меѓувреме, МВР достави известување со бараните документи и анализа, по што заради утврдување на релевантни факти е донесена Наредба за градежно архитектонско – урбанистичко вештачење што е доставена до Бирото за судски вештачења.Надлежниот обвинител се уште сослушува лица во својство на сведоци за кои цени дека ќе бидат од корист за расчистување на случајот. Со оглед дека се работи за обемен материјал и период од 8 години што подразбира два мандати на двајца различни градоначалници, потребно е време за сериозно и аналитичко постапување како би се испитале сите околности врз основа на кои јавниот обвинител ќе донесе одлука за понатамошниот тек на постапката.“ – велат од ОЈО за ТВ 24. 

Додека обвинителствата истражуваат на терен започнат е градежниот зафат. Претседателката на антикорупциска комисија, Билјана Ивановска за ТВ24 вели дека обвинителството треба да има можност да го запре градежниот зафат се до расчистување на постапката која ја водат. 

„Холидеј Ин е предмет од многу висок јавен интерес за кој уште пред повеќе од една година, ДКСК поднесе иницијатива за кривично гонење на службените лица коишто биле инволвирани во процесот на донесување на ДУП. За овој предмет ние очекуваме час поскоро од обвинителството да биде завршен. Верувам дека се преземаат сите потребни дејствија за расчистување на случајот, меѓутоа сведоци сме дека градежните работи се започнати и тие продолжуваат. Јас се прашувам кој ќе ја надомести понатаму штетата откако ќе имаме краен исход на целиот овој случај. Сметам дека за вакви случаи треба јавното обвинителство да има законска можност за стопирање на активностите се до разрешување на случајот во кој што се инволвирани повеќе службени лица и од кадешто може да излезе поголема штета.“ – вели претседателкана на ДКСК, Билјана Ивановска. 

Дека ДУП-от е е незаконски донесен алармираа голем број на стручни лица од областа на планирањето и урбанизмот алармирајќи дека истиот не го следи ГУП-от..

Беше подготвен и елаборат за суспензија кој експресно беше отфрлен од министерството за транспорт и врски со објаснување дека нема штета по јавниот интерес. 

Истото министерство кое на МПЦ и Антиќ односно на фирмата Обновители им го продаде последното големо државно неизградено земјиште – паркингот кај Холидеј Ин, во комплет дури и со парцели кои биле во процес на денационализација. 

Продажбата беше извршена врз основа на извод од Детален урбанистички план којшто со одлука на Советот на општината во тоа време беше ставен во мирување.

Извор: ТВ 24

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен шеф на Обвинителство во Албанија!

По налог на Специјалното обвинителство против организиран…

Две куќи, стан, градежно земјиште и златен…

Министерот за здравство, Арбен Таравари, има две…

Тажна приказна: Една третина од македонското земјоделско…

Македонскиот земјоделец се качува на трактор, па…

Најмалку 47 загинати и над 70 повредени…

Во трагичен пресврт на настаните, бројот на…

Ќе се регулира распределбата на предмети во…

Министерството за правда најави дека ќе се…