Обид за убиство на премиерот? Маж со нож приведен во близина на резиденцијата на Борис Џонсон
Британската полиција уапси маж вооружен со нож, кој се судри со двајца полицајци во близина на резиденцијата на премиерот Борис Џонсон.
Полицијата неколку часа го опколи Вајтхол, во кој се сместени неколку министерства, вклучително и Стејт департментот и Министерството за одбрана, и кој води до канцеларијата и резиденцијата на Џонсон на Даунинг Стрит, но областа подоцна беше повторно отворена.
„ Околу 8.50 часот, 29-годишен маж вооружен со нож се судри со двајца полицајци пред Министерството за одбрана. Полицајците употребиле шок и го задржале мажот. Нема извештаи за повредени“, соопшти лондонската полиција.
„ Тој е уапсен за обид за убиство и поседување оружје за напад и е во притвор во полициска станица во центарот на Лондон. Инцидентот не е поврзан со тероризам“, се додава во соопштението.
(Макфакс)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Џонсон: Путин да беше жена, што очигледно…
Рускиот претседател Владимир Путин немаше да ја…