Објавено на:

Џонсон: Путин да беше жена, што очигледно не е, немаше да ја нападне Украина

t

Рускиот претседател Владимир Путин немаше да ја нападне Украина, доколку беше жена, смета британскиот премиер Борис Џонсон.

Според него, лудата, мачо инвазија на Украина, е совршен пример за токсичната машкост, па премиерот повика на повеќе жени на моќни позиции.

Џонсон се осврна на ова по Самитот на Г7, во интервју за германската телевизија ЗДФ.

Да е Путин жена, што очигледно не е, но, да беше, навистина мислам дека не би се впуштил во луда, мачо војна за инвазија на Украина и насилство на начин на каков што тој го направи тоа. Доколку сакате совршен пример за токсична машкост, тоа е тоа што тој го прави во Украина, подвлече Џонсон.

Тој истакна дека иако лидерите на Г7 очајнички сакаат да заврши војната во Украина, моментално не постои договор за тоа.

Западот мора да ја поддржи украинската воена стратегија, истакна премиерот, со цел претседателот Володимир Зеленски да се доведе до најдобра можна позиција во преговорите со Русија, кога ќе дојде до тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…

Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…

Трамп: Путин сака договор за завршување на…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…

Директорот на ЦИА презема поголема улога во…

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска оцени дека…