ОБСЕ го осуди палењето на куќа на Србин во Косово
Мисијата на ОБСЕ на Косово го осуди палењето на куќата на повратник Србин во општина Исток и ја повика полицијата да го истражи случајот и да ги изведе одговорните пред лицето на правдата.
Мисијата на ОБСЕ на Твитер објави дека се залага за враќање на раселените лица и ја поздравува подготвеноста на Министерството за заедници и враќање да продолжи со поддршката на погоденото семејство.
„Го осудуваме палењето во новоизградената куќа на српските повратници во Вериќ, општина Исток. Ја повикуваме полицијата да го истражи случајот и да ги изведе сторителите пред лицето на правдата. Заедно со косовските институции и меѓународните партнери, ние силно го поддржуваме враќањето на раселените лица, во согласност со нашиот мандат за човекови права и помирување. За таа цел, ја поздравуваме подготвеноста на Министерството за заедници и враќање да продолжи да го поддржува настраданото семејство“, беше напишано на Твитер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Харадинај: Секој што ќе ги загрози американските…
Лидерот на Алијансата за иднината на Косово,…
Петковиќ: Курти сака само војна и хаос
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија,…
Курти: Мостот на Ибар ќе биде отворен,…
Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека…
(Видео) ГОЛЕМ ПОЖАР на Шар Планина од…
Пожарот што со денови беснее во градот…
ЕУЛЕКС: Ја следиме безбедносната ситуација во Косово
Мисијата ЕУЛЕКС, во согласност со својот мандат,…