ОБЈАВЕНО: Новиот договор со Бугарија

t

После низа манипулации со јавноста и тајни преговори помеѓу Софија и Скопје, конечно се појави вистината за тоа што е веќе договорено, а што останува да се договори.

Со цел подоборо да се запознаете со поентите на договорот, хронолошки ќе биде презентирана имплементацијата на договореното. – Објавува МКДенес мк.

 

Имено, прв чекор е смирување на тензиите помеѓу граѓаните на двете земји, за која цел ќе се дефокусира темата историја, а внимателно ќе се насочи на повеќе теми, како инфраструктура, економија, култура и сл. За таа цел, двете Влади ќе емитуваат позитивни пораки и ќе организираат низа заеднички настани. Тоа го потврди и самиот премиер Кирил Петков, кој информира дека ќе започнат со заедничко чествување на Гоце Делчев на 4ти февруари 2022 година. Со ова Македонија и официјално прифаќа дека Гоце Делчев е споделена личност помеѓу Македонија и Бугарија, односно дека тој е Бугарин кој се борел за слободата на Македонија.

Според најавите на Софија, во вторникот на први февруари ќе се одржи првиот состанок на една од новите работни групи и во Скопје ќе пристигне бугарскиот тим од комисијата за економија, трговија и иновации. Три дена подоцна ќе се случи и најавеното заедничко чествување на Гоце Делчев по повод 150 години од неговото раѓање, но без присуство на премиерите Ковачевски и Петков. Тоа е намерно со цел да не се предизвика внимание, а под покривот на вестите за „јакиот состанок за економија и иновации“ да помине „бугаризацијата на Гоце Делчев“.

После направената отстапка од Македонија пред Обединетите нации по барање на Бугарија, овој чекор со Гоце Делчев ќе се прогласи за огромен успех на бугарската страна на преговорите, како најава за признавање на „историската вистина“ каква што ја сакаат Бугарите, а тоа ќе му даде простор на Кирил Петков да направи само една привидна отстапка за Македонија. Која е таа? Тоа е лажно симнување на ветото на Бугарија за Македонија формално да започне преговори со ЕУ, но со право во секој момент да го врати, актуелизира тоа вето, се додека не завршат и билатералните преговори Македонија – Бугарија или преговорите ЕУ – Македонија. Македонија тоа ќе го плати со најскапото, согласност за бугарската шовинистичка цел, а тоа е БУГАРИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА.

„Приближување на Македонија кон Европската унија, не започнува со членство, туку претстои долг преговарачки период кога може да се надминуваат најчуствителните прашања“ – вели бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за радио Дарик.

„Да се пишти Македонија на патот кон Европа, не значи дека Македонија се пушта во Европа. Има 15 години од оваа до втората точка. Во тие 15 години има 27 поглавја да се отворат. Ако направиме процес да се развива историската вистина, да се отстрани дискриминацијата и јазикот на омраза и тој процес има јасен механизам како да се исчистатат тие елементи“ вели Петков. Тоа е дефакто неговата потврда за договорената тивка бугаризација на Македонија и ретуширање на македонската историја по желба на Софија и нивната вистина.

 

За таа цел, Петков во бугарското Собрание потврди дека нема никаква намера да прави промени во составот на Историската комисија, односно  дека Македонија може да ги менува „тврдите“ елементи, членови на таа комисија, но Бугарија останува на истите познати борци за бугаризација на Македонија.

Рокот за смирување на тензиите се следните шест месеци, период во кој треба да се прецизираат останати елементи од договореното. А што е договорено? Што е тоа што привидно ќе го плати Бугарија за зеленото светло за бугаризација на Македонија?

Тоа е прифаќање на Бугарија во декларацијата на ЕУ за почеток на преговори со Македонија, наместо формулацијата „македонски јазик според Уставот на Македонија“ да се замени и да стои „современ македонски јазик“. Тоа значи едно исто, дека македонскиот јазик не е со своја генеза и историја, туку некој си современ јазик од 1945 година до сега. Но тоа на Македонците ќе им се презентира како огромен успех во преговорите и прифаќање на македонскиот јазик од Бугарите, а во Бугарија ќе се пренесе како конечно признавање на Македонците дека јазикот им е од 1945 година, навака.

 

Во исто време, веќе завршена работа е тоа дека Бугарите влегуваат во Уставот на Македонија и тоа како државотворен народ. Сега се преговараат детали за имплементација на истото, односно детали за измена на Уставот на Македонија. Македонската страна бара тоа да биде во моментот кога ќе го менуваме Уставот за влез во ЕУ, по завршени преговори, за полесно да помине во домашната јавност и да имаме една промена, а опозицијата да не може да се спротиставува. Има очекување Кирил Петков да прифати тоа да се случи согласно македонскиот предлог, но има жесток отпор во Бугарија.

„Го одобривме вистинскиот пристап за градење мостови помеѓу двете земји, обновувањето на разговорите и соработката на повеќе полиња ќе даде резултати и на политичко ниво“ – кажа премиерот Димитар Ковачевски на денешната конференција во Скопје посветена на граѓанскиот придонес во македонско-бугарските односи. Македонскиот премиер е целосно согласен за внесување на Бугарите во македонскиот Устав, признава дека се разговара и за политичко-историските теми, за што потврди и Петков дека ќе се организираат најмалку три средби на историската комисија.

„Јас нема никакво сомневање дека тој процес ќе ја обнови атмосверата на доверба и пријателство и дека тоа ќе биде силен поттик да се отворат вратите за заедничко прифатливо решение за отворените политички прашања. Особено оние кои се однесуваат на деблокирање на процесот за финализирање на постапката за нашето членство во ЕУ“ вели Ковачевски во врска со измените на Уставот и влезот на Бугарите во истиот.

 

За таа цел, Македонците во Бугарија ќе платат скапа цена. Што е договорено? Договорена е формулацијата „Бугарите во Македонија ќе остваруваат колективни права, согласно Устав на Македонија, а Македонците во Бугарија не постојат и согласно Уставот на Бугарија кој се чуствува за Македонец може да остварува индивидуални права во таа земја.“. Тоа значи нема реципроцитет, Македонците во Бугарија се внатрешно прашање на таа земја, дедека пак за Бугарите во Македонија може да се грижи Бугарија.

 

Според очекувањата, опозицијата на чело со ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира на реципроцитет, односно Македонци во Устав на Бугарија, но тоа само како проформа, додека Власта на СДСМ не ги заврши сите работи.

„Немаме проблем да ги впишеме во нашиот Устав и другите заедници кои што досега не се вклучени, како бугарската заедница. Така што, постои јасна политичка волја за тоа. Нашиот став е дека тоа треба да се направи пред нашето влегување во ЕУ“, вели Маричиќ.

Со ова Бугарија ги добива сите барања од пакетот 5+1, односно буквално ќе се спроведат сите нејзини желби, наспроти комплетни отстапки од стана на Македонија. Добиваме преговори за начинот на кој се подразбира поимот „Македонец“ што дефакто се директни преговори за идентитетот на Македонците, но и добиваме нов „современ македонски јазик“ што значи дека веќе е предефиниран македонскиот јазик по желба на Бугарија.

 

„Приоритет во разговорите треба да има пакетот барања од бугарска страна, паралелно со меѓувладината соработка треба да се решаваат и потешките прашања“, потврдува и европратеникот Илхан Ќучук. Македонската Влада е согласна да се впише бугарско малцинство во Уставот, но низ дијалог со опозицијата за да се оформи потребното двотретинско мнозинство.

 

Во врска со Македонците во Бугарија, европратеникот потврдува дека на Македонците ќе им се раскажува приказната за „различни уставни модели, еден е во Бугарија, друг во Македонија“ а ќе им се нуди „ЕУ мед“, за тие полесно да го голтнат и ова прашање за немање на реципроцитет во односите помеѓу двете држави. Тој не сокрива дека се договараат и со опозицијата ВМРО-ДПМНЕ за мнозинство во Парламент, со цел да поминат овие планови.

 

Дека веќе се отворени преговори за идентитетот на Македонците, потврдува изјавата на шефот на дипломатијата Бјар Османи, кој објасни дека преку мудар, рационален и аргументиран пристап Владата успеала да покаже дека тезите за негирање на македонскиот идентитет се ретроградни појави, дека не одговараат на современите цивилизациски вредности, но дека може истото да се направи само под друга формулација.

„Денес веќе не разговаране за идентитет, туку единствено за пристапот при утврдување на правото на самоопределување на секој – во согласност со постоечкото државно уредување кај двете држави. Тоа не води до сетот политички прашања кој до неодамна беше именуван како пакет 5+1“ рече Османи.

Со ова е јасно дека ќе се разговара за тоа што се подразбира по поимот Македонец, односно што значи еден човек да се самоидентификува за Македонец во Македонија и Бугарија, а што значи да се самоидентификува за Бугарин. Со тоа и официјално добиваме нова бугарска формула за тоа што сме Македонците, слична на онаа грчката формула од Преспанскиот договор. Ова значи преформулирање или допрецизирање на идентитетот на Македонците. Што е тоа друго ако не е преговори за идентитетот на народот?

– Целиот текст изворно може да го прочитате на МКДенес мк.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Балканска работа: Српски историчар го прогласи Рилскиот…

Српски историчар го прогласи Рилскиот манастир за…

Небензја: Денеска над Балканот демне опасност од…

Постојаниот претставник на Руската Федерација во ОН,…

Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на…

Само како трагедија може да се оквалфикува…

(Видео) Јакимовски: ЕУ да најде начин како…

Претпоследно прашање пред влез во ЕУ ќе…