Објавено на:

Ова е новиот пакет санкции против Русија кој го усвои Европската Унија

t

Земјите-членки на ЕУ денеска официјално го потврдија усвојувањето на петтиот пакет санкции против Русија во обид да се зголеми притисокот врз Москва да ја запре агресијата.

Овие санкции беа усвоени по злосторствата извршени од руските сили во Буча и други места под руска окупација. Целта на овие санкции е да се запре непромисленото, нехумано и агресивно однесување на руските војници и да се испрати јасна порака до Кремљ дека незаконската агресија ќе има висока цена“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Петтиот пакет санкции вклучува:

– Забрана за увоз на јаглен од Русија од август годинава. Сегашната вредност на рускиот јаглен што се извезува во ЕУ е осум милијарди евра годишно.

– Забрана за впловување бродови под руско знаме во европските пристаништа. Исклучоци се предвидени за бродови што превезуваат земјоделски и прехранбени производи, хуманитарна помош и енергија.

– Забрана за сообраќај за руски и белоруски патни превозници кои нема да можат да превезуваат стока во рамките на ЕУ, дури и кога станува збор за транзит. Исклучоци се предвидени и за транспорт на фармацевтски, медицински, земјоделски и прехранбени производи.

– Понатамошна забрана за извоз на гориво за авиони и други производи како што се квантни компјутери и полупроводници, електронски стоки, машини и транспортна опрема и забрана за увоз на производи како дрво, цемент, морска храна, алкохол. Санкционираниот извоз изнесува околу десет милијарди евра годишно, а увозот 5,5 милијарди евра.

– Низа насочени мерки за зајакнување на постоечките санкции – забрана на руските компании да учествуваат во јавните набавки во земјите-членки на ЕУ, ставање крај на секаква финансиска поддршка за руските јавни тела и продолжување на забраната за депозити во криптовалути.

– Санкции за компании чии производи или технологија одиграа улога во инвазијата, клучни олигарси и бизнисмени, високи функционери на Кремљ, луѓе вклучени во дезинформации и манипулации со информации и систематско ширење на наративи на Кремљ за агресија врз Украина и членови на семејства на поединци веќе под санкции.

– Целосна забрана за трансакции за четири клучни руски банки „Совкомбанк“, „Новикомбанк“, „ВТБ“ и „Открутие“. Тие банки уште порано беа исклучени од „Свифт“, а сега им се замрзнати средствата и целосно се отсечени од банкарскиот пазар на ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За сечиј вкус: Атомски фудбал вечерва во…

Вкупно десет гола и еден куп возбудувања…

Груевски: Жалам што после седум години ветување…

Пишува Никола Груевски на социјалните мрежи: УНИВЕРЗАЛНА…

Салиу: Ако нешто ми се случи одговор…

Вчера на емисија на национален медиум Драган…

Николас на 7 години е убиен додека…

Тогаш седумгодишниот Николас заминал на одмор со…

ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО ИТАЛИЈА: Сè…

Три лица загинаа во експлозија во хидроцентрала…