Ова се функционерите кои ќе одлучуваат за македонската економија!

t

Официјално веќе се знае кои ќе бидат функционерите кои ќе ја водат македонската економија во следните четири години. Дел од кадрите се познати, а дел допрва ќе треба да се докажуваат пред најголемиот критичар, а тоа е јавноста. Во оваа анализа на Денар се претставени сивиата на функционерите кои треба да носат одлуки за бизнисот, работниците, за целокупното стопанство, но и за состојбите во јавниот сектор.

Државната каса ќе биде под надлежност на Гордана Димитриевска Кочовска. Таа ќе биде идната министерка за финансии предложена од ВМРО-ДПМНЕ. Освен што Кочовска е одговорна во партијата за ресорот финансии, таа беше и во претходната техничка влада технички заменик министер, кога на министерската позиција беше Нина Ангеловска. Инаку, Кочовска има искуство во областа на финансискиот консалтинг, била дел од Стопанска банка, како и искуство во Македонски Телеком во секторот даноци.

Секторот економија и труд кое ќе биде практично ново министерство каде ќе се одлучува не само за работодавачите туку и за работниците. Со него ќе раководи Бесар Дурмиши од движењето Беса. Од Беса ќе го раководат и министерството за социјална политика, демографија и млади, а на челната позиција односно министер ќе биде Фатмир Лимани. Нивната заложба според партијата е дека без компромис ќе се посветат на трите најприоритетни точки од владината програма – борбата против криминалот и корупцијата, реализација и имплементација на условитe за интеграција на земјата во Европската Унија и економски развој на државата. Лимани во јавноста е познат како внук на Али Ахмети. Тој е професор по историја, но и поранешен заменик на државните електрани. Дурмиши пак е дипломиран економист кој работел како сметководител. Во 2017 станува советник во Советот на општина Тетово. Три години потоа е назначен за шеф на кабинет на директорот на Македонски железници транспорт. Во моментов тој е претседател на советот на Општина Тетово.

Со новото министерство за енергетика, рударство и минерални суровини ќе раководи Сања Божиновска. Таа е експерт од областа на енергетиката и најголемиот дел од нејзината кариера е во странство. Последното работно искуство и е како консулатнт во областа на енергетиката во Прага, а Божиновска е образована на неколку евроски престижни универзитети.

Со ресорот земјоделство ќе раководи Цветан Трипуновски кој е предлог за министер за земјоделие, а министерството за култура и туризам ќе го води актерот Зоран Љутков. Трипуновски како опозиционер беше еден од најгласните функционери на ВМРО ДПМНЕ кои ја оспоруваа работата на министерот за земјоделство и неговите политики.

Овие кадровски решенија треба да се потврдат во вторник на владина седница. Инаку, во собранието со комисијата за економски прашања ќе претседава Бојан Стојановски од ВМРО ДПМНЕ, а со собраниската комисија за Финансирање и буџет Сања Лукаревска која е веќе екс директорка на УЈП но и заменик претседателка на СДСМ.

извор: denar.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

​​​​​Јанчев: Струјата може да биде поефтина само…

Решението за поевтина струја е левичарско и…

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни зголемување на…

Граѓаните да бидат спокојни, зголемување на цената…

Вучиќ: Курти само драматизира

„Три важни средби. За реформите, што сѐ…

Предупредување – непознати лица лажно се претставуваат…

Злоупотребувајќи го идентитетот на Народната банка преку…

Се огласи и Мицкоски по средбата со…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…