Објавено на:

Овде беше како во воена состојба: Потресно сведоштво на соседите на роднината каде се криел убиецот од Младеновац

t

Уапсен У.Б.(21) од Младеновац по деветчасовна драматична потрага. Полицијата во раните утрински часови го пронашла убиецот на осум лица во Вињиште кај Крагуевац, на огромниот имот на неговиот вујко и дедо, додека се криел во нивниот кокошарник. Токму таму полицијата го лоцирала, го опколила и го уапсила.

Имено, тој за засолниште одбрал кокошарник од црвена тула, кој се наоѓа веднаш до големата семејна куќа и е блиску до магацинот.

Неговото семејство кое било во куќата во тој момент подготвувало прослава и сите биле уапсени под сомнение дека без да пријават го криеле од полицијата.

Сосетката В.С , вујкото и дедото на Урош, кои се приведени, тврдат дека ниту тие не знаеле што се случува, а дека Урош се прикрадувал без да им каже ништо.

-Пиев кафе кај соседот и кога почнав да се враќам дома, ме пресретна полицијата. Специјалците во униформа ми рекоа да се засолнам во најблиската куќа, не е важно дали е моја. Не ни знаев дека се крие таму или што се случува. Ниту неговите роднини не знаеја, фини луѓе се, луѓето со неверување се фаќаа за глава што им направил – изјавил соседот за српски Курир и додал:

– Овде имаше опсадна состојба, полицијата затвори се кога го уапси. Не знаевме што се случува, тоа беше како воена состојба. Тоа траеше неколку часа, не ни дозволија да излеземе од дома. Сигурен сум дека моите соседи и неговите роднини не знаеле дека е таму, сигурно не го криеле.

Таксистот кој го возел до Вињиште, каде што се криел, бил принуден на тоа откако Урош му се заканил со бомба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франс прес за протестите во Македонија и…

„Од улиците на Белград во Србија до…

„Кој е следен?“ демантираат: Не сме дел…

Не сме дел од никаква група за…

Вучиќ најавува контрапротести низ Србија со кои…

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави формирање на…

Уневрзитетскиот клинички центар Србија ја соопшти најновата…

Д-р Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за…

Молитва за жртвите во Кочани во храмот…

Српскиот патријарх Порфириј одржа синоќа во храмот…