„Огнена група“ на средба со Ахмети, Беџети останува против Владата!

t

Припадниците на таканаречената „Огнена група“ предводени од градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети и пратеникот Изет Меџити денеска во партиското седиште во Мала Речица одржале средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„На средбата биле присутни сите членови на огранокот, имало конструктивна дебата изјави за Канал 5, пратеникот Арбен Зибери.. Тој вели дека разговарале за тековни прашања но и за несогласувањата во партијата, а повод за средбата било да се најде решение како тие да се надминат..Детали од внатрепартискиот состанок не се откриваат откриваат.

Беџети, кој преку фејсбук објави дека Ахмети му е пријател, по средбата кусо изјави дека остануваат на ставот за промена во извршната власт.

По средбата Беџети на неговиот фејсбук профил објави фотографија со лидерот Ахмети, но со наслов „Цврсто против извршната власт“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…