Објавено на:

Огнот сѐ уште беснее во Лос Анџелес – 16 лица загинаа и 10.000 објекти уништени

t

Најмалку 16 лица загинаа, а 10.000 објекти се уништени или оштетени во пожарите кои сè уште беснеат во Лос Анџелес. Во сила е наредбата за евакуација на околу 100.000 жители на областа. Речиси 30 лица беа уапсени во Палисејдс и Итон за провали, грабежи и поседување дрога.

Од шесте пожари кои ја зафатија областа Лос Анџелес, три се ставени под контрола и 50 или повеќе проценти од областа под оган е изгаснат, додека најголемиот пожар во Пацифик Палисејдс се уште не е под контрола, како ни во Итон и во Арчер, наведуваат американските медиуми.

Според последните податоци, загинале 16 лица, а наредбата за евакуација на околу 100.000 жители од областа се уште е во сила.

Повеќе од 10.000 објекти најверојатно се оштетени или уништени само во населбите Итон и Палисејдс, проценуваат официјални лица од пожарникарската служба во Калифорнија.

Пожарникарите во моментов можат да користат авиони за да ги локализираат пожарите, но постои голема загриженост за ширењето на огнот поради зголемените ветрови, изјави шефот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Дејвид Акуна, кој посочува дека на локалните противпожарни екипи им се придружуваат колегите од другите делови на Калифорнија, како и од уште седум американски држави, Канада и Мексико.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изгорела куќа на гурбетчии во Шуто Оризари,…

Вчеравечер полицијата примила пријава дека е запалена…

(Видео)Пожар во зграда до бараките на општина…

Доцна вечерва избувна пожар во близина на…

Според МВР 14-годишник го предизвикал пожарот во…

На 06.09.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје…

Масовна евакуација на домови и болници поради…

Во околината на Атина продолжува масовната евакуација…

Детали за пожарите низ Македонија: Гори речиси…

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека на Плакенска…