Огромна заинтересираност за користење на жичницата на Водно

t

Изминатата недела 3.323 граѓани ја користеле жичницата до врв на Водно – изветуваат од Град Скопје.

Во периодот од 27 јануари до 3 февруари за превоз со жичницата од средно до врв на Водно имало интерес од 3.323 граѓани, односно само за време на викендот (29 и 30 јануари) 2.260 граѓани го посетиле Водно и ја искористиле жичницата.

Жичницата до врв на Водно и трите автобуски линии кои сообраќаат до Средно Водно повторно се во функција од 30.12.2021 година. Во периодот ноември – март жичницата работи секој ден, освен понеделник и секој последен вторник во месецот од 10 до 17 часот, поради редовно сервисирање.

За возење во жичницата важат протоколи за заштита од Ковид 19, во кабина се дозволува превоз на максимум 4 лица, кои имаат обврска да носат маска. На патниците пред влез во кабината им се мери температура и се врши дезинфекција. Кабините се дезинфицираат трипати во текот на денот.

За граѓаните на користење се отстапуваат и два транспортера за превоз на домашно милениче (куче со мал/среден раст), а дозволен е и превоз на куче-придружник на лицата со хендикеп.

До Средно Водно сообраќаат три автобуски линии – бројот 25 (Транспортен центар – Средно Водно) сообраќа секој ден освен понеделник, како и броевите 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и 25Б (Дом на печат – Средно Водно) кои сообраќаат само за викенди и државни празници. Сите три линии за време на викендите и државните празници се бесплатни за граѓаните.

Возниот ред за овие три автобуски линии граѓаните можат да го погледнат на Интернет – страницата на ЈСП Скопје
www.jsp.com.mk – стои во Фејсбук статусот на Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…