Одбраната на Џафероски: „Да не дозволиме неправедно осудени за мир во куќа, да не дозволиме нови жртви, доста се жртви од Пулс“

t

Со воведни зборови на одбраната во судницата во Идризово денеска продолжи судскиот процес за трагедијата во „Пулс“.

Одбрана на Аднан Џaфероски.

Пред очи ги имав семејствата кои со месеци живеат и допрва ќе живеат со неизмерна болка, мојата порака е дека јас и Аднан Џафероски не сме ви непријатели.

Ова обвинение не става во замка.

Аднан Џафероски и јас ја разбираме болката на семејствата, но таа болка не смее да стане правна алатка. Да не дозволиме неправедно осудени за мир во куќа, да не дозволиме нови жртви, доста се жртви од Пулс.

Обвинението за Аднан Џафероски, директор на ДЗС, ја промашува адресата за кривична одговорност.

ОЈО не бара кривично-одговорни лица, туку носители на т.н системска вина, не прибирале докази кои би оделе напред кон резултатот, туку наназад за да се бараат аргументи, докази и правда вистина. Тоа не е истрага.

Ова не е правно рассудување, ова е правно напуштање на разумот. Системски пропусти не можат да се залепат за индивидуално лице. Аднан тука е неосновано обвинет.

Градежниот објект кој изгоре во 2025 година во правна смисла не постоел во времето кога Аднан Џафероски бил директор на ДЗС. Објектот во кој настана пожарот е реконструиран во 2025 година, реконструкција во правото значи дека тоа е нов објект, нови ризици, нова безбедносна конфигурација, се се бара да е ново.

Што точно требал да преземе Аднан Џафероски од 2017 до 2020 година за пожар во објект во 2025 година, кој објект настанал во 2024 година? Обвинението има такви правни и фактички грешки што мора да бидат поправени за да не го доведат судот во незавидна положба. Обвинението им припишува обврски на погрешни луѓе.

Што е работа на директорот на ДЗС?

Да менаџира, носи стратешки документи и го одобрува највисокиот годишен план, инспекциската служба не е под оперативна надлежност на директорот. Тоа е така за инспекторите да бидат независни и самостојни како што бара законот. Инспекцискиот совет е одговорен за сите надзори, тоа е клучна институција.

99% од доказите на обвинителството се годишните планови и административната работа на ДЗС.

Обвинението го товари обвинетиот за пропуштен надзор, но не прави разлика меѓу редовен и вонреден надзор. Редовен надзор го предвидуваат годишните планови, вонреден надзор се прави по дојава, информација или претставка.

Не е на директорот да пишува планови, да се меша, негово е да се грижи редовно да се носат планови, што неспорно Џафероски го правел. Не можете некого да обвините за пропуст, ако не можете да наведете што точно е пропуштил.

Ние ќе докажеме дека директорот не пишува планови и не ги оценува, директорот не може да нареди вонредна инспекција без да добие информација, а таква информација нема, Дикректорот нема надлежност да знае за нелегални објекти, друг иима надлежност да затвори нелегални објекти. Нема каузалитет, а без каузалитет нема кривична одговорност.

Ветувам дека во оваа постапка ќе настојувае да докажеме каде обвинителството ја загуби правната насока. Вистината е дека овој суд е местото за индивидуална кривична одговорност, можеме да бараме на други места системска, политичка или друга одговорност, заедно треба да бараме да се подобри системот, секаде да зборуваме и анализираме како дојде до ова и како ова да не се повтори, но ако ги помешаме овие две борби ќе останеме без вистинска промена.

Почитувани судии, ова не еслучај во кој фактите се спорни, ова е случај во кој правото е погрешно применето и судот трeба да биде последниот филтер на здрав разум.

Аднан Џафероски

За жал принуден сум да се бранам од обвивение кое е паушално, неосновано и не ми е јасно. Јас ја разбирам болката, гневот на родителите и најблиските кои ги изгубија своите најблиски, како родител сочувствувам со нив, но не смееме да дозволиме едно зло да го одмаздиме со друго. Бараме правда, а не друга неправда. Мене како човек совеста ми е апсолутно чиста, обвинет сум за несторување со умсила во нефункционелен систем. Јас бев кратко време на чело на еден фрагмент од тој систем и со моето знаење пробав да го променам и сметам дека во голем дел успеав.

Ги разбирам амбициите на секој човек, ги разбирам и амбициите на некоио обвинители да напредуваат во своите кариери, но нема да прифатам тоа да го прваат на штета и со рушење на мојот интегритет и мојот авторитет. Ќе се борам додека дишам но тоа нема да го дозволам. Јас не сум очаен да се надевам на милсот, очекувам и верувам во чесноста на правдата, праведноста, на судот. На кој начин обвинението за несторување со умсила и верижната одговорност и со кои докази ЈО ќе може да го поткрепи, навистина не ми е јасно.

Очигледно е дека овој процес е така замислен, да биде долг и исцрпувачки за сите.

На обвинителна клупа седнаа 37 обвинети – 34 физички и три правни лица, меѓу кои сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедување и државни службеници. Тие се товарат за тешки дела против општата сигурност поради пропусти што директно довеле до трагедијата.

Паралелно со главниот процес, тече и посебна постапка против полициски службеници за давање лажни уверувања и дозволување на работа на дискотеката без исполнети минимално-технички и безбедносни услови. Изминатата недела Обвинителството отвори постапка и против група вработени во УЈП осомничени за мито и злоупотреби поврзани со истиот случај.

Процесот го води судечки совет чиј претседател е судијката Диана Груевска Илиевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одбраната на Џафероски: „Да не дозволиме неправедно…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…

Салиу за мајка на починато дете во…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…

Трагедија во Мароко: Се урнаа две згради,…

Најмалку 19 лица загинаа, а 16 се…

Продолжува судењето за „Пулс“: Градежниот инспектор Георгиев…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…

Мајка на жртва од „Пулс“: Борбата за…

Марија Петрушова, мајка на една од жртвите…