Трагедија во Мароко: Се урнаа две згради, најмалку 19 жртви, меѓу кои и 4 деца
Најмалку 19 лица загинаа, а 16 се повредени кога рано утрово се урнаа две згради во мароканскиот град Фес, објави државната новинска агенција на земјата, пренесува Ал Арабија.
Според првичните извештаи, уривањето на зградите резултираше со девет смртни случаи и 15 повредени.
Според прелиминарните официјални бројки, во инцидентот животот го загубија четири деца, а повредени се 16 лица, вклучувајќи две бремени жени чија состојба е стабилна.
Три други лица се здобија со сериозни повреди.
Според извештаите на мароканските медиуми, сите повредени брзо биле префрлени во Универзитетската болница „Хасан II“ за да добијат потребна помош.
Персоналот на цивилната одбрана успеал да извлече едно дете живо од урнатините, заедно со неколку повредени лица, од кои некои се во критична состојба.
Спасувачките работи продолжуваат додека властите бараат повеќе преживеани заробени под урнатините.
Инаку, во септември, влошувањето на условите за живот во Мароко предизвикаа масовни протести поради сиромаштијата и јавните услуги.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…
Тело на младо лице било пронајдено во…
Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското…
Денеска навршуваат 17 години од трагедијата на…
Вработен во телекомуникациска компанија трагично загинал во…
Четириесет и осумгодишен работник загинал откако паднал…
Трагедија во Исламабад: 14 новороденчиња загинаа во…
Пожар предизвикан од експлозија на клима-уред усмрти…
Шпанија и Мароко распоредуваат дополнителни сили на…
Илјадници шпански и марокански полицајци и војници…