(Видео) Одбpaната на Мијалков со отворено писмо до амбасадата на Изpaел – Се споменува и МOCAД

t

Четворицата адвокати на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, првостепено осуден за масовното прислушување и случајот „Трезор“, му испратија писмо на амбасадорот на Израел во Македонија и побараа од него да реагира на тврдењата на судиите и обвинителите дека Мијалков може да избега во Израел поради контактите со израелските разузнавачки служби.

Во писмото тие пишуваат:

-Ви се обраќаме со ова писмо како бранители на господинот Сашо Мијалков за да Ве информираме за определени работи кои се однесуваат на вашата држава и за кои мислиме дека треба да бидете информирани.

На ден 22-12-2021 година на господинот Сашо Мијалков му беше прифатена понудената гаранција од страна на Апелациониот суд Скопје и му се укина мерката притвор која му беше определена во судски предмет кој се води против него. Нема да ве оптеретуваме со политичката позадина која стои зад ваквите судски предмети како средство на власта за пресметка со своите политички противници, но она со што мораме да Ве запознаеме дека името на ашата држава беше употребено при кршењето на основните човекови права на нашиот клиент.

Имено, истиот ден кога беше донесено решението на Апелациониот суд , Министерот за прaвда на Република Македонија јавно ги прозва судиите кои ја прифатиле гаранцијата и побара ваквото решение да не се спроведе на ниту еден можен начин кршејќи го уставното начело на поделбата на власт и сериозно ја наруши независноста и самостојноста на судството. Како резултат на таквите повици и критики на Министерот за правда, Основниот кривичен суд во Скопје, кој е понизок суд од Апелациониот суд, а по барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, експресно, само после четири часа, донесе ново решение со кое му определува притвор и покрај веќе постојната одлука на Апелациониот суд со која се прифаќа понудената гаранција и се укинува мерката притвор.

Сево ова сигурно не би ве засегало, а и ние не би ви се обратиле да еден дел од решението на Основниот кривичен суд, а истото стои и во барањето за определување на мерка притвор на обвинителството, не стои дека поради контактите на нашиот клиент Сашо Мијалков кој е бивши Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, со разузнавачките служби на Израел постои опасност од негово бегство. Понатаму во решението на Основниот кривичен суд се наведува дека токму ваквите контакти со разузнавачките служби на Вашата држава, Израел, му овозможуваат реално на Мијалков да побегне од државата без патна исправа во секое време инсинуирајќи дека Вашите разузнавачки служби тоа ќе го овозможат и ќе му пружат уточиште.

Длабоко почитувајќи ја Вашата држава и гаејќи симпатии и пријателство помеѓу нашите народи кои имаат и заедничка историја Ви се обраќаме со ова писмо пред се да Ве информираме за ваквото тврдење на официјални судски и обвинителски институции со молба да реагирате на ваквото апсурдно тврдење пред се поради вистината, правдата и основните човекови права на нашиот клиент да биде правично суден без измислици, лаги и конструкции кои се вперени и кон институциите на Вашата држава.

Во прилог на ова писмо Ви го доставуваме и решението на Основниот кривичен суд Скопје.

Со надеж дека ќе одговорите на ова наше писмо;

Со почит

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…

Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…

Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Нетанјаху се обрати: Граѓани на Израел, претстојат…

Израел ќе одговори со сила на секој…