Одложени средбите Лавров-Рубио и Путин-Трамп
Најавената средба меѓу американскиот државен секретар Марк Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров засега е одложена, објави Си-eн-eн, повикувајќи се на неименувани добро информирани извори.
Одложувањето на средбата меѓу министрите за надворешни работи на САД и Русија, исто така, ја одложува и очекуваната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, соопштија изворите.
Трамп во четврток по телефонскиот разговор со Путин изјави дека двајцата „се договориле да имаат состанок на високо ниво на советници следната недела“.
„Тимот на Соединетите Држави за подготвителните состаноци ќе го предводи државниот секретар Марко Рубио, заедно со други функционери“, објави Трамп на социјалната мрежа Truth Social.
Сè уште не е јасно зошто средбата меѓу Лавров и Рубио е одложена, но еден од изворите за американската ТВ мрежа изјави дека Рубио и Лавров имаат различни очекувања во врска со евентуалниот крај на војната во Украина.
Рубио и Лавров разговараа по телефон во понеделник за да разговараат за следните чекори по разговорот на двајцата претседатели минатата недела за евентуалниот крај на конфликтот во Украина, соопшти Стејт департментот во кратко соопштение.
Рубио го опиша претстојниот состанок како можност Москва и Вашингтон да работат заедно за да се постигне трајно решение за војната меѓу Русија и Украина, во согласност со визијата на претседателот Трамп, се вели во соопштението.
Во меѓувреме, Кремљ го опиша повикот Путин-Трамп како конструктивна дискусија во која се разгледаа „можните конкретни чекори за спроведување на договорите што Трамп и Путин ги постигнаа за време на телефонскиот разговор“.
Извор запознаен со ситуацијата изјави за Си-eн-eн дека американските претставници, по повикот Рубио-Лавров, оцениле дека руската позиција не е доволно прилагодена и „не отстапува од максималистичките очекувања“.
Рубио веројатно нема да препорача средбата Путин-Трамп да се одржи следната недела, но Рубио и Лавров би можеле повторно да разговараат оваа недела.
„Претседателот Трамп постојано работи на наоѓање мирно и дипломатско решение за да се стави крај на оваа бесмислена војна и да се запре убивањето. Тој ќе направи сè што е во негова моќ за да се постигне мир“, изјави за Си-eн-eн заменик-портпаролката на Белата куќа, Ана Кели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…
Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…
Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…
Зеленски ќе се сретне со Трамп за…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…
Путин го разреши заменик шефот на неговата…
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…