Одложен „Маршот за ангелите“ поради празникот Водици
Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ ја информира јавноста дека „Маршот на ангелите“, кој беше закажан за сабота, 17 јануари 2026 година, нема да се одржи.
Како што наведуваат од здружението, одлуката за одложување е донесена од почит кон големиот православен празник Водици (Богојавление), период кога верниците духовно се собираат, се осветува водата и се потсетуваат на значењето на Божјата благодат.
„Во духот на празникот, деновите пред Водици ги посветуваме на тивка молитва, смирение и внатрешен мир — за нашите ангели, за здравје во сите семејства и за сите кои чекорат со нас“, се наведува во соопштението.
Од здружението истакнуваат дека целта на оваа одлука е да се покаже почит кон духовната традиција и верските обичаи, со надеж дека Божјата милост ќе биде со сите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одложен „Маршот за ангелите“ поради празникот Водици
Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ ја…
Се одлага утрешното судење за „ПУЛС“
Заради интерес на медиумите и невладините организации…
Кочани на јавна трибина ќе одбира локација…
Во понеделник на 12 јануари со почеток…
Мицкоски за еднократната помош за семејствата во…
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска на отварање на…
Родителите од Кочани за трагедијата во Швајцарија:…
Родителите и семејствата на загинатите во трагедијата…