Се одлага утрешното судење за „ПУЛС“

t

Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека:

Главната расправа за предметот со К.бр. 1872/25 поврзана со пожарот во Дискотеката „Пулс“ во Кочани, насрочена за утре 14.01.2026 – та година, се одлага по барање на бранителот на еден од обвинетите, адвокат Сузана Јошевска Анастасовска.

Барањето е од причина што во текот на вчерашниот ден, бранителот е избрана за член на Судскиот совет на РСМ, па заради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и негово запознавање со предметот, утрешната расправа се отповикува, а судењето продолжува на следниот, претходно утврден термин, на 26.01.2026 година во 09:30 часот во судницата во КПУ Идризово.

Заради економичност во постапувањето, странките се веќе известени за отповикана та расправа.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…

Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…

Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…

Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…

Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…

Можете да ја одложувате правдата, но не…

Родителите на загинатите млади во пожарот во…

244 сведоци предложени од одбраната во случајот…

Судскиот процес за трагичниот пожар во кочанската…