Одлучено е кој град ќе биде домаќин на Евровизија 2023 година
Вчера во Велика Британија беше одлучено во кој град ќе се одржи престижниот Избор за песна на Евровизија 2023 година.
Во борба за домаќин беа Ливерпул и Глазгов, а одлучено е следната година Ливерпул да го организира ова престижно европско натпреварување.
Полуфиналните вечери ќе се одржат на 9 и 11 мај, а големото финале кога Европа ќе добие нов победник ќе се одржи на 13 мај.
„Градот кој ќе биде домаќин на 67. Избор за песна на Евровизија 2023 е Ливерпул“, изјави коментаторот на музичкиот натпревар Греам Нортон, кој во петокот се појави на “The One Show“ за да открие каде ќе се одржи натпреварот.
Да потсетиме, победата на Евровизија 2022 ја освои украинскиот оркестар Калушка, но поради моменталната ситуација во нивната земја, Велика Британија одлучи да ја преземе организацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Захарова: Евровизија 2024 ја надмина секоја оргија…
Овогодинешниот избор за песна на Евровизија „ја…
Швајцарија победи на Евровизија 2024, Немо ја…
Заврши финалето на 68. Избор за песна на…
Нова драма на Евровизија: Холанѓаните го бојкотираат…
Нема крај на драмата и бојкотите во…
Српската претставничка на Евровизија: Горда сум што…
Годинешниот евровизиски фаворит на Србија е Теодора…
Протест во Малме поради Израел: „Евровизија го…
Голем протест се одржува на главниот плоштад…