Објавено на:

Одлучено е кој град ќе биде домаќин на Евровизија 2023 година

t

Вчера во Велика Британија беше одлучено во кој град ќе се одржи престижниот Избор за песна на Евровизија 2023 година.

Во борба за домаќин беа Ливерпул и Глазгов, а одлучено е следната година Ливерпул да го организира ова престижно европско натпреварување.

Полуфиналните вечери ќе се одржат на 9 и 11 мај, а големото финале кога Европа ќе добие нов победник ќе се одржи на 13 мај.

„Градот кој ќе биде домаќин на 67. Избор за песна на Евровизија 2023 е Ливерпул“, изјави коментаторот на музичкиот натпревар Греам Нортон, кој во петокот се појави на “The One Show“ за да открие каде ќе се одржи натпреварот.

Да потсетиме, победата на Евровизија 2022 ја освои украинскиот оркестар Калушка, но поради моменталната ситуација во нивната земја, Велика Британија одлучи да ја преземе организацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осуден нарко-босот Насер Кељменди, роднина на албанската…

Основниот суд во Приштина ја објави пресудата…

(Видео) Шведска победи на Евровизија со плагијат?…

Претставничката на Шведска Лорин победи на Евровизија,…

Русите за време на Евровизија го нападнале…

Родниот град на евровизиските претставници на Украина…

Шведска победи на овогодинешната Евровизија

Големото финале на годинешното 67-то издание на Евровизија,…

(Видео) Идната кралица го отвори финалето на…

Со спектакуларни настапи на големата сцена во…