Одрони на патот Делчево-Македонска Каменица
Одрони од земјиште и карпи се појавија на неколку делници од регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица како резултат на обилните врнежи кои денес попладне зафатија дел од Пијанечкиот регион, јавува АМСМ.
Најзафатени се деловите од патот по селото Очипала и околу месноста Баткова Чешма, каде одроните и натаму се на коловозот и го попречуват сообраќајот.
-Екипите на јавното претпријатие за одржување патишта се на терен и интервенираат на местата каде има најголеми наслаги од земја и камења. Се работи интензивно за целосно расчистување во најкус можен рок“, информираат од надлежната институција.
Ризикот од нови одрони останува висок, предупредуваат од АМСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одрони на патот Делчево-Македонска Каменица
Одрони од земјиште и карпи се појавија…
Фатен на снимка: Лице подметнува пожар во…
>Жителите на делчевската населба Први Реон на…
Приведени возачи од Делчево и Кавадарци затоа…
На 28.06.2025 во 20.00 часот на ул.…
Филипче: Актуелната власт го заборави Делчево само…
Претседателот на СДСМ Венко Филипче заедно со…
СДСМ подготвува изненадување – кандидатите за градоначалници…
Сојузот на социјалдемократите на Македонија (СДСМ) веќе…