Од денеска без мерки во Грција на одмор

t

Од денеска во Грција се укинува задолжителната маска во затворените простори, што воедно беше и последната и единствена Ковид мерка во земјата, откако на почетокот на мај беа укинати голем дел од рестрикциите, со што летото ќе биде целосно слободно и без никакви ограничувања, јави дописничката на МИА од Атина.

Исклучок постои само за болниците, домовите за нега на стари лица и слични институции, како и во јавниот градски превоз, односно во автобусите, метрото, трамваите и тролејбусите, каде што и понатаму ќе биде задолжително носење маска.

Во текот на оваа седмица ќе се донесе одлука и за протоколите за бродовите и траектите.

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис пред две седмици, соопштувајќи дека се укинува задолжителната маска за внатрешните простори, рече дека одлуката е привремена, односно ќе важи до 15 септември 2022 година.

За патување во Грција повеќе не е потребен ниту сертификат за вакцинација, ниту негативен резултат од направен тест, додека пак веќе два и пол месеци е укинат и ПЛФ – формуларот. Истото важи и за во внатрешноста на земјата, односно за влез во затворените објекти не е потребен документ за Ковид-19, како што беше пракса претходно, а од денеска веќе не е потребно и носење маска.

Сепак, укинувањето на мерките во Грција е привремено, бидејќи на есен, од септември, во зависност од текот на пандемијата, не е исклучена можноста одново да се воведат некои од претходните рестрикции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција e трет најзначаен трговски партнер на…

Грција е трет најзначаен трговски партнер на…

Во Грција ќе се отворат дополнителни центри…

Дополнителни пет центри за вакцинација против мпокс…

Драматични слики од Грција: Пожарот зафати околу…

Пожарникарите во Грција повеќе од 24 часа…

ЕУ на помош во Грција – пожарите…

Европската унија денеска соопшти дека четири земји-членки…

Силен земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според…