Од наредната година пријавувањето на новороденче ќе биде целосно автоматизирано

t

Владата и Министерството за дигитална трансформација реализираат уште едно предизвборно ветување. Министерството од почетокот на годината, формираше работна група помеѓу повеќе инстутции, меѓу кои Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матичните книги, Министерството за здравство-Управа за електронско здравство и соодветните јавни здравствени установи, за постигнување целосна автоматизација во издавањето на првиот извод од матична книга на родени за новороденчиња (Проект: е-бебе).

Проектот е-бебе, кој е поддржан и од канцеларијата на УНИЦЕФ, предвидува првиот извод родителите да го добијат во болница, најдоцна до 48 часа од раѓањето на бебето.

Министерството за дигитална трансформација, искористувајќи ја Националната платформа за интероперабилност и Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk, спроведе поврзување на сите засегнати институции во процесот за целосно автоматизирано пријавување на новороденчето. Во втората фаза на проектот се поврзуваат и услугите за здравствено осигурување од Фондот за здравство, како и услугите на помош за новороденче кои ги издаваат Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Од родителите ќе се бара да имаат профил на ниско ниво на Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk.

Со посветена работа на работната група, наша определба е целосна реализација на проектот до јануари 2026 година

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од наредната година пријавувањето на новороденче ќе…

Владата и Министерството за дигитална трансформација реализираат…

Две Италијанки се обиделе да влезат на…

Лишени од слобода две италијански државјанки на…

АФЖ Левица: Во Македонија не постои задолжителен…

Во Македонија сè уште не постои задолжителен…

Орбан: Зеленски ја користи својата вообичаена тактика…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвини украинскиот…

Филипчe: Во калта на Мицкоски нема да…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р…