Од патарини годинава ќе се наплатат 54 милиони евра, а патиштата катастрофа

t

Граѓаните на Македонија годинава за патарини ќе потрошат близу 54 милиони евра. Податоците од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека заклучно со ноември патарините наплатиле без малку 49 милиони евра.

Според анализата на Алсат во последниве четири години граѓаните и фирмите платиле близу 178 милиони евра за патарини. 2022 година ќе биде рекордна година по оставрениот приход по овој основ на државната фирма, а тоа е поради зголемениот број на патарини во земјава и зголемениот транзит на граѓаните.  

Најмалку пари во државната каса по овој основ во последниве четир години се слеале на стартот на пандемијата, односно во 2020 година, кога биле наплатени 34 милиони евра, година претходно или 2019 граѓаните за патување со моторно возило  од едно до друго населено место платиле над 43 милиони евра. Лани пак за патарини граѓаните искеширале близу четириесет и шест и пол милиони евра.

НАПЛАТА НА ПАТАРИНИ

2019 – 43.607.588 Милиони евра

2020 – 34.029.562 Милиони евра

2021 – 46.401.122 Милиони евра

2022 – 53. 658.500 Милиони евра

Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека немаат намера да ги намалат цени на патарините бидејќи тоа биле средства со кои се одржуваат патиштата.

„Правиме патарини бидејќи имаме фаза во која инвестираме исклучително многу во изградба на патна инфраструктура, па од тие причини тие средства се како приходи. Тоа е извор на приходи за исплата на кредитите што ние ги враќаме како јавно претпријатие. Сите кредити кои ги земаме  за изградба на патишта, ги враќаме како јавно претпријатие“, велат од ЈПДП.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Врнежи од снег на Попова Шапка, патиштата…

Врнежи од снег со среден интензитет на…

Забрана за тешки товарни возила на патот…

Забраната за движење на тешки товарни возила…

Забрана за тешки товарни возла на правците…

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила…

Сообраќајот се одвива непречено, снег со слаб…

Сообраќајот на државните патишта се одвива во…

Ангелов: Излизганите камиони беа пречка за побрзо…

За само еден ден центарот за управуање…