Од следната година матура ќе се полага на универзитетите со блокатори

t

Државната матура ќе се полага во универзитерските амфитеатри, со блокатори кои ќе оневозможат користење на мобилни телефони за препишување – најави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

МОН ќе започне преговори со универзитетите за ослободување на амфитеатрите, а дополнително ќе се утврдува дали и колку блокатори би било потребно да се набават и постават низ универзитетите.

-Од моето претходно лично искуство знам дека во некои факултети веќе постојат блокатори, но тоа не е скапа опрема и доколку не ќе направиме напори секаде каде што децата ќе полагаат да обезбедиме и блокатори, мене ми е жал што тоа мора да го направиме. Постојат држави во кои е срам 1 не од 14 илјади од 14 милиони да биде фатен со телефон,- – Весна Јаневска – министерка за образование и наука.

Овогодинешното масовно препишување резултираше со 268 поништени испити – соопшти директорката на ДИЦ Билјана Михајловска. Од нив 49 користеле мобилен телефон за време на полагањето, 4ца препишувале од претходно добиени одговори, а останатите препишани тестови биле „уловени“ при оценувањето.

-53% од мерките, односно 142 се изречени само во 10 од 127 училишта. Тоа значи дека само во овие 10 училишта матурата не се одвивала на највисоко професионално ниво затоа што е дозволено препишување 10 или повеќе пати,- – Билјана Михајловска ДИЦ .

Во однос на санкциите за набљудувачите и тестаторите кои толерирале препишување, министерката Јаневска посочи дека во постоечките закони не се предвидени мерки на одговорност за нив во ваква ситуација, па најавува измени на Законот за образоание со кои ќе се вметнат сакции за оние кои во иднина би дозволиле неетичко однесување, но и бенефииции за оние кои успешно ја вршат својата работа.

– Пред некој ден повлечени се од Собраниската процедура повеќе закони меѓукои и законите за средно и средно стучно образование. Интензивно се работи на нив и во нив ќе бидат предвидени и бенефициите и одговорностите на наставниците. Значи ќе се доуреди законската регулатива,- – Весна Јаневска – министерка за образование и наука.

Просечната оценка на овогодиншното полагање е 3,25, нешто пониска од минатогодишната која беше 3,65. Матурантите кои не се задоволни од резултатите од испитот на 8 и 9 јуни ќе имаат можност да поднесат приговори. Оние на кои им е изречена мерката за поништување на испитот, но и кои од оправдани причини не присуствувале на предхотните, ќе можат повторно да се пријават и да полагаат во августовскиот рок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГЕРМАНИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ВОЈНА, УСТАВ ГИ…

Генералниот инспектор на Бундесверот Брејер смета дека…

Италија ја обвини Русија дека извршила воено…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

Срби тргнале на одмор во Грција, ама…

Вчера било пријавено дека на автопатот во…

„Моите пријателки сакаат да носам помалку откривачки…

Требаше да одиме една недела на одмор…