Од следниот месец пензиите се зголемуваат за 2,500 денари, а до март за дополнителни 2,500 денари
„Во мојот ресор за жал проблеми колку сакате, но ќе гледам да имам многу проекти, да излегувам со позитивни вести а проблемите да ги решавам и да давам информации кога ќе бидат решени“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на одбележувањето на 34 години од основањето на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.
Николоски во однос на состојбата за неговиот ресор истакна дека таа е финансиски катастрофална и додаде:
„Сакам да споделам неколку податоци за да ги знаете и вие. Буџетската дупка е огромна, трошоците се огромни, но тоа не значи дека нема да го реализираме она што го ветуваме и веќе со ребалансот на буџетот кој би требало да биде усвоен во Собранието до крајот на месец јули, а да биде поднесе веќе следната недела, планираме да доделиме 100 милиони евра помош за општините со пакетот за поддршка на општините кој што го ветивме кој што в година ќе биде 250 милиони евра затоа што ќе е цела година, а пензиите се зголемуваат за 5,000 денари како што ветивме и почнуваат од следниот месец со 2,500 денари и до март месец уште 2,500 денари така што 5,000 денари во една година како што ветивме“, посочи Николоски.
Николоски заклучи дека граѓаните очекуваат решенија, а во исто време мора да има и нови проекти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Курсна листа: Еве колку чинат валутите денес
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …
„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…
Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот,…
Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат…
ЕУ остварила суфицит од 9,7 милијарди евра…
Европскиот извоз во трети земји во мај…
Србија планира изградба и модернизација на 2.000…
Јелена Танасковиќ, в.д генерален директор на железничката…