Од средното училиште „Кочо Рацин“ во Ѓорче започнува проект од програмата на Арсовска „За модерно Скопје“

t

Град Скопје го најави почетокот на проектот кој произлегува од програмата „За Модерно Скопје“ на градоначалничката Арсовска кој ќе се реализира во сите 23 градски средни училишта, во соработка со скопските јавните претпријатија.

-Отпочнуваме со средното училиште „Кочо Рацин“ во општина Ѓорче Петров, каде во рамките на проектот, партерно и хортикултурно се уредува дворната површина со акција за засадување на дрвја и садници, нова тревна паркова површина, поставување нова урбана опрема која ќе им овозможи на средношколците пријатен престој на отворено во катчиња во кои ќе може да се дружат, ќе имаат можност за организирање на предавања и едукативни работилници, соопштија од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека важноста и целта на овој проект е да се поттикнат средношколците за зачувување, одржување и негување на животната средина како и да се креираат нови паркови површини и фитнес зони.

-Дополнително, во училишните дворни се реализира проектот за надворешни фитнес зони, со реквизити и справи со цел поттикнување и унапредување на здравите животни навики со спортување и рекреирање, најавија градските власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…