Од струен удар починал 53-годишен тетовец

t

Тетовската полиција информира дека кај нив е пријавен смртен случај кај 53 годишник од градот поради струен удар. Човекот настрадал во својот дом додека поправал штекер.

– Вчера (7 ноември) во 18 часот во СВР Тетово пријавено е дека на Интерно одделение во тетовската Клиничка болница бил донесен починат 53-годишниот А.М., кој претходно доживеал струен удар додека поправал електричен штекер во неговиот дом на улица „Велешка” во Тетово – информираат од СВР Тетово.

Извршен е увид, при што на телото на А.М. не биле констатирани траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото му било предадено на семeјството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: СНС има историски највисок рејтинг од…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави…

Косово ќе испрати два пакети воена помош…

Косовскиот министер за одбрана Ејуп Маќедонци денеска…

Вучиќ смирува: Нема да има Трета светска…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…

(Видео) Пендаровски му одговори на Мицкоски: Еве…

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва од Кичево…

Нападнат малолетник во Центар

На 05.04.2024 во 23:30 часот во СВР…