Од утре автобусите на ЈСП ќе возат по зимски возен ред: Се воведува нова линија
Од утре, согласно Одлуката за линиски превоз на патници во град Скопје, јавниот превоз ќе функционира по делничен, зимски возен ред, информираат од ЈСП „Скопје“, од каде што најавуваат и дека, во сообраќај ќе бидат вклучени и зголемен број возила во споредба со изминатите речиси три месеци.
Како новина од ЈСП „Скопје“ најавуваат и дека од утре ќе почне да функционира и нова линија, „111“ (Сарај – Радуша).
– Почетна/крајна постојка во Сарај ќе биде на постојката на последна линија „2“, а во Радуша почетна/крајна постојка ќе биде сред село. Автобуси на линија „111“ ќе сообраќаат од понеделник до петок, по следниов возен ред :
Сарај : 5.35 ч, 7.05 ч, 11.10 ч, 13.40 ч, 15.20 ч и 19.30,
Радуша: 6.15 ч, 7.55 ч, 12 ч, 14.30 ч, 16.10 ч и 20.20 ч.- велат од претпријатието.
Инаку, според надлежните, новата автобуска линија се воведува по барање на локалното население, и по изготвената анализа на терен која укала дека барањето е основано, односно како што велат оттаму, исполнети биле сите услови за воведување нова линија на посочената релација согласно критериумите од Одлуката за линиски превоз на патници во град Скопје.
– Новата линија значително ќе ја подобри поврзаноста на населеното место Радуша со Сарај и жителите на Радуша ќе добијат редовен превоз.
Во меѓувреме, ЈСП „Скопје“ во соработка со Град Скопје, разгледува и други слични барања, со цел јавниот превоз да стане подостапен за сите граѓани, особено оние населени во досега заборавените места – потенцираат од јавното сообраќајно претпријатие.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Учениците ќе се возат бесплатно во автобусите…
Од ЈСП Скопје информираа дека средношколците кои…