Околните жители се жалат: “Треска” со години е небезбедно место за живеење

t

Ние, претставниците на работничките станови кај Треска кои живееме на овој предел, револтирани сме што со години веќе никој не наоѓа решение за нашата безбедност. Не е прв пат да апелираме дека Треска е небезбедно место за живеење, каде многу често доаѓа до пожари, а неодамна испративме и известување до јавноста дека старата фабрика за мебел е еколошка темпирана бомба, стои во соопштението на жителите на Треска кои го испратија до медиумите и јавноста.

Тие посочуваат дека повеќепати биле сведоци на палење на електрични кабли поради крадење на бакарот, што доведувало до бројни пожари и интервенции на Противпожарната служба, меѓутоа поради непристапноста на теренот последиците биле огромни.

Секојдневно гледаме разбојништва во напуштениот индустриски капацитет и „Треска“ веќе одамна е прибежиште на крадци, бездомници и наркомани. Стравуваме за безбедноста на нашите животи и безбедноста на нашите деца, кои наместо да живеат во урбанизирана населба сред центарот на Скопје, во своите дворови гледаат наезди од инсекти, змии и стаорци. Практично од самото затворање на фабриката, оваа локација е потенцијална опасност не само за нас жителите, туку и за сите граѓани на Скопје, и бараме итно решавање на проблемот и конечно урбанизирање на овој дел од градот. Од нашето уставно загарантирано право на достоен живот нема да се откажеме, а денешниот пожар е само уште една потврда дека овде до овие рушевини повеќе не е безбедно да се живее, се вели во соопштението.

Жителите стравуваат дека може да има нови експлозии и нови поголеми пожари, а додаваат дека повиците за урбанизација на оваа локација не доаѓаат само поради денешната катастрофа, туку поради сè понеподносливите услови за живот.

Како и сите граѓани, и ние сакаме отворени прозори со свеж воздух и зеленило, а не смрдеа, страв од разбојници и живот на депонија, истакнуваат тие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Oпозициски партии на Албанците добиваат место во…

Најдоцна до 18 декември, лидерите на опозициските…

Левица повикува утре на протест пред фабриката…

Ве повикуваме во вторник на 31-ви октомври…

(Видео) Јанков: Градоначалник кој се плаши да…

Архитектот и член на Централниот комитет на…

Специјалист по медицина на трудот: Азбестот од…

Доктор Илчо Ефкоски, специјалист по медицина на…

Арсовска на состанок со Кризниот штаб: Да…

Состанок на Кризниот штаб на Град Скопје…