Околу 120 членови на Исламска држава избегале од затвор во Сирија
Министерот за внатрешни работи на Сирија денес изјави дека околу 120 членови на Исламска држава избегале од затвор во градот Шадади, откако курдската веб-страница „Рудауд“ објави дека 1.500 избегале, повикувајќи се на портпарол на Сириските демократски сили (СДФ).
Министерството за внатрешни работи соопшти дека неговите специјални сили и единици на сириската армија влегле во градот Шадади по пробивот и заробиле 81 бегалец. Потрагата по преостанатите бегалци продолжува, пишува „Ројтерс“
Претходно, армијата ги обвини Сириските демократски сили, инаку под водство на Курдите, за ослободување на милитантите на Исламска држава, со оглед на тоа што затворот во градот на истокот од земјата е под нивна контрола.
По неколкудневни борби со владините сили, СДФ во неделата се согласија да се повлечат од Рака и Деир ал-Зор, две провинции со арапско мнозинство кои ги контролираат со години и во кои се наоѓаат главните нафтени полиња во Сирија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Околу 120 членови на Исламска држава избегале…
Министерот за внатрешни работи на Сирија денес…
САД убија лидер поврзан со Ал Каеда…
Американската војска соопшти дека убила „лидер поврзан…
Затвореници во Гватемала преземаа контрола врз три…
Затвореници во Гватемала ја презедоа контролата врз…
Курдите во Сирија првпат добија државјанство и…
Претседателот на Сирија, Ахмед ел-Шара, издаде декрет…
Американската војска изведе серија воздушни напади во…
Американската војска синоќа спроведе повеќекратни напади во…